Број 3377  вторник, 07 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Свет

Во вселената експресно се старее

Во Земјината орбита за шест месеци човековото тело остарува и до 40 години

Едно неодамнешно истражување, кое покажа дека во Земјината орбита за само шест месеци човековото тело може да остари речиси 40 години, ги шокираше експертите на американската Национална вселенска агенција (НАСА) и ги искомплицира плановите за организирање мисија на Марс.

Пример за ова е јапонскиот астронаут Соичи Ногучи, кој кога замина на престој во Меѓународната вселенска станица (МВС) имаше 45 години, а кога се врати на Земјата некои органи во неговото тело имаа карактеристики на човек што е на возраст од 80 години.

По шестмесечниот престој во вселената неговата мускулна маса била слична како на онаа кај просечен 80-годишен старец, наспроти доброто здравје и колку-толку коректната исхрана во МВС.

Неговото тело за тие шест месеци остарел 35 години, но по враќањето на Земјата, Ногучи повторно се подмладил благодарение на вежбите што ги изведувал еден месец.

До овие резултати дошол тим научници од универзитетот „Маркет“ во Милвоки, кои прв пат го испитувале овој феномен.

Истражувањето го потврди она што веќе и претходно се знаеше дека астронаутите по враќањето често треба да бидат придржувани и треба да им се помага за да излезат од модулот со кој се вратиле на Земјата.

Научниците наведуваат дека не станува збор само за истоштеност на долните екстремитети, туку се воочени и кардиоваскуларни проблеми, бидејќи чо��ековиот организам се труди да се приспособи на вселенските услови и на тој начин забрзано старее.

Истражувањето покажало дека астронаутите губат повеќе од 40 проценти од мускулното ткиво навикнато на контракција. Последица од ова се губењето на рамнотежата и тешкотиите телото да се одржи исправено.

Цел на оваа студија, финансирана од НАСА, е да се утврдат реакциите на човековото тело за време на долготрајна мисија во вселената, што би било случај, на пример, при патување на Марс.

За да се врати првобитната кондиција се потребни физички вежби, но како да се вежба ако по пристигнувањето на оддалечена планета се утврди дека е потребно да се излезе во вселената и да се поправи некој дефект? „Остарените“ астронаути не би биле во состојба да го сторат тоа, па затоа НАСА сега се обидува да најде решение за овој проблем.


#
Статијата е прочитана 1649 пати.

Испрати коментар

Од: Teknuvalo
Датум: 08.09.2010 04:35:12
Super, uste da kazea so koi vezbi se podmladuva pa da mozeme i nie da se podmladime za edno 30-40 godini, ne bi bilo loso.

Најди! во Утрински
Свет
Лондончани без потписи од Блер
Бог не е машко, Ета бара мир, камшици во Иран
Каде оди Белгија?
Уапсени анархисти во Минск
Ахмадинеџад