За продавањето на „Градска аптека“ во ГТЦ, големите газди молчат, содружниците со помали удели бараат да престане раскрчмувањето на имотот
Јасмина Јовановска
За продажбата на имотот на „Градски аптеки“ што ја направи Управата за јавни приходи (УЈП), големите газди молчат, а малите се бунат. Што се случува со овој некогашен фармацевтски бренд, не сакаат да зборуваат ниту од „Зегин“ ниту од „Фармакорп“, во чија сопственост е најголемиот дел од „Градски аптеки“. Но, затоа реагираат содружниците со помали удели, кои бараат да прекине раскрчмувањето на имотот.
„Во „Градски аптеки“ има многу дубиози. Треба да се решат многу противправни работи во фирмата, од оставки на бивши директори, до назначување на в.д. директор��, кои се само на хартија зашто не може да депонираат потписи и да работат со жиро-сметката на фирмата. Ова е и причината зашто не може да се исплатат платите и да се намират обврските кон државата“, појаснува Велимир Јовановски, застапник за сите содружници со помали удели во „Градски аптеки“. Тој смета дека распродажбата на имотот на „Градски аптеки“ што го прави Управата за јавни приходи не е според законската регулатива.
„Ако веќе мора да се продава нешто, тоа треба прво да бидат уделите на содружниците. Зашто ако државата бара содружниците да бидат гаранција кога ’Градски аптеки’ ќе остане без средства, тогаш треба да има и обврска кон нив кога почнува со продажба на имотот, да почне со нив“, вели Јовановски. На овој начин Владата не' изигра, вели Јовановски, зашто кога се продаваше „Градски аптеки“, од вработените бараше да ги купи уделите, а сега ќе не' остави на цедило. Друго е прашањето зошто УЈП мораше да продава толку скап имот од околу 50 милиони денари кога долгот кон државата е помал, односно околу 18 милиони денари, укажува Јовановски.
Од УЈП, пак, тврдат дека продажбата на „Градската аптека“ во Градскиот трговски центар (ГТЦ) е регуларна и тврдат дека до ден денес стечајна постапка во „Градски аптеки“ не е отворена. „По исцрпување на инструментите за присилна наплата на долговите на „Градски аптеки“ што траеле речиси една година, односно спроведените блокади на жиро-сметките не само врз деловниот простор во ГТЦ туку и врз останатиот имот на ПЗУ „Градски аптеки“ што се води во јавната катастарска евиденција, вообичаена и редовна постапка што ја спроведува Управата, е јавна продажба на имотот заради наплата на долгови “, велат во УЈП, од каде што додаваат дека се' додека не се отвори стечај, УЈП ќе ги применува сите законски инструменти за да не се оштети државниот буџет, социјалните фондови и вработените. А, присилната наплата согласно со Законот за даночна постапка, појаснуваат од УЈП, може да се применува врз движен и недвижен имот, а не и на удели.
Пред повеќе од два месеца УЈП ја продала „Градската аптека“ во ГТЦ преку лицитација за околу 900.000 евра. Се јавил само еден понудувач, фирмата „Караорман“, која ја купила. Со продажбата на ова аптека ќе се расчистат долговите кон државата за плати и придонеси. Најголем долг „Градски аптеки“ има и кон доставувачите, и тоа кон „Зегин“ и „Фармакорп“. Речиси десет месеци вработените во „Градски аптеки“ штрајкуваа за да ги добијат платите и да се решат многуте неправилности. Но, освен препукување меѓу двајцата газди, кои потоа се смирија и ги закопаа секирите и почнаа да се расфрлуваат со ветувања, вработените останаа со празни раце.
Eve im go Buckovski ziv i zdrav, nego neka go prasaat okolu prodazbata na Gradski Apteki.
Од: Bojana
Датум: 20.08.2010 10:29:21
Taka e Trajce. Kako prvo dali voopsto morase da se odi na prodazba na Gradski apteki? Mozea da si ja zemat i rabotat vrabotenite, ama ne, kaj nas toa ne im e dozvoleno na obicnite gragani. Plenot mora da go dobijat golemite biznismeni i nekoj niven covek od vladata. Vtoro, zosto bese izbran toj model na privatizacija so udeli namesto so akcii? Udelite se ogranicuvacki, ne moze da se odi na berza, a i ne nudi lesno resenie koga firmata ke zapadne vo dolgovi. Treto, zosto morase da ja kupat Zegin, Farmakorp i Alkaloid, koga se znae deka prvite dvajca gazdi ne sorabotuvaat dobro? Osven toa, Trufin (Farmakorp) e veke poznat deka kupenite firmi gi cedi do maksimim i potoa gi frla neupoteblivi na buniste. Cetvrto, zosto se dozvoli finanskiskite transakcii da odat preku negovata Eurobanka so sto se bese pod negova kontrola? Sega, golemite gazdi sakaat samo da se prodade vredniot imot na GA i firmata da se zatvori. Zalosno, segasnata vlast treba da ispita sto bilo i sto se pravi sega
Од: Che Gi Varam
Датум: 20.08.2010 13:33:10
Do Trajce i Bojana: ke go zamolam Miki (osmoodelenec) da vi ja objasni potrebata od transformacija na Gradski Apteki i samiot proces na transfromacija. Vam vi preporacuvam da si stavite prst na glava i dobro da razmislite zosto sekogas tamu kade sto ima golemi pari glavnite igraci se od tipot na Zegin, Trifun, Kamcev i slicni na nim. Dali nekogas ste izlegle na ulica i javno ste protestirale protiv ociglednite permanentni grabezi vo ovaa zemja. Ne veruvam. E pa, zatoa prodolzete da mudruvate po vesnicive i ostavete gi "oligarsite" na raat da ve sogolat.
Ovde e drug problemot, a toa e zacuduvackata "efikasnost" na UJP koja poprilicno smrdi na korupcija. Da se sprovede celata procedura vo eden den, da ima samo eden licitator e najblago receno somnitelno. Do redakcijata: Bese objaveno deka aptekata vo GTC e prodadena za 900.000eur na Karaorman, proverete ja sumata i sledete dali po nekoe vreme istiot prostor ke mu bide preostapen na drug subjekt.
Од: mal sodruznik
Датум: 20.08.2010 20:51:39
Се сложувам со предходните статии, но би додал , точно е дека Бучковски треба да се праша за приватизацијата на ЈЗО Градска аптека Скопје но само за продажбата, но точно е и тоа дека Груевски треба да се праша за периодот по продажбата , после 02,06,2006год. до денес. Не се сложувам дека вечито треба да молчиме . Па нели сме потомци на Александар Македонски, а тоа значи мудар, упорен, храбар , трпелив и горд народ. Во архивата на ПЗУ Градска аптека нема документ дека деловниот простор во Г.Т.Ц Скопје е продаден пред повеќе од два месеца. Постои документ кој е со дата од 02,07,2010год. за запленување на деловниот простор во Г.Т.Ц. од УЈП-ДГДО Скопје, записник од усната јавна аукција на ден 21.07,2010год. исто така од УЈП-ДГДО Скопје. Блокадата е од Февруари 2010год., а УЈП-ДГДО Скопје ако се грижеше за даноците и вработените можеше во јануари 2010год. кога немаше блокада на жиро с/ка, а половина од долгот на ПЗУ Г.А. е од 2009год. Има предстечај од 01,07,201