Број 3363  петок, 20 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Политика

Реакциите на ортопедите се професионални, а не лични

Клиниката за ортопед��ја ја сметаме за свој втор дом и тоа е единствениот личен интерес. Со ваков контраодговор вчера излегоа ортопедите по нападот од министерот дека место лични интереси, ортопедите да гледаат повеќе да работат и да се ангажираат во изнаоѓање конструктивни решенија за новата клиника. Ортопедите не отстапуваат од својот став дека за да ја задржат клиниката мора да имаат потсметка и дека тоа им го ветил и министерот. Според ортопедите, не треба да се заборави дека иако клиниката е формирана од Владата, во називот ја има и додавката универзитетска, што значи е дел од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Медицинскиот факултет, кои според законот имаат ингеренции за менување на називот.

Ортопедите се оградуваат од сите политички и партиски изјави, зашто нивното дејствување е строго професионално и поитно ја чекаат средбата со премиерот.

На тема спојување на четирите клиники вчера се препукуваа и власта и опозицијата. СДСМ тврди дека спојувањето на четири хируршки клиники е спротивно на националниот Акционен план на Министерството за здравство и со него се потврдува оти уништувањето на Универзитетскиот клинички центар е погрешен потег на Владата. Министерството за здравство ги отфрли обвинувањата и за него соединувањето на четирите клиники во Национален ургентен центар е чекор напред во исполнување на целите предвидени со Стратегијата и акцискиот план за ургентна медицина. (Ј.Ј.)


#
Статијата е прочитана 401 пати.

Испрати коментар

Од: coco
Датум: 20.08.2010 09:50:34
Министерот е дете пеленаче и нема никакво морално право уста да отвори за било што. Тој е само фигуретка на власта. Никој не го зема за сериозно, исто како и неговите претходнивци од ппрвиот министер за здраввство Перко Колевски до последниот Бујар Османи. Единствено, др. Оровчанец имаше памет и храброст.
Од: slavica
Датум: 20.08.2010 16:42:17
Pocit do ministerot i direktorot na noviot urgenten centar . Jas mislam deka e vo red spojuvaneto na cetirinte kliniki no zosto se izemeni drugite hirurski kliniki. I tie se del og urgentna hirurgija na primer Digestivna.

Најди! во Утрински
Политика
Невработени се „вработија“ како управители на куќни совети
Се раскрчмува имотот на „Град��ки аптеки“
Секој може да направи грешка, смета Тодоров
Тетовски игрoорци на фестивал во Гуча
Семејството Павлови ќе добива по 6.000 денари месечно
Од Вардар извадена удавена жена
Затруени тројца кошаркари во хотел „Континентал“
Данчо Трајковски