Број 3363  петок, 20 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Политика

ПОСЛЕДЕН ЗБОР

Данчо Трајковски



1963 – 2010, новинар

Нашиот колега, Данчо Трајковски, замина завчера на 47 години по кратко боледување. Замина тивко, но со јасна мисла и свесност, со збор на усните, како што му прилега на новинар, на вечен борец за вистината.

Трајковски беше новинар, пријател, другар, татко, а пред се', човек, чие име ќе остане длабоко врежано во аналите на прилепското и на македонското новинарство.

Се' уште се свежи спомените кога во 1986 година стана пионер во професијата со првиот извештај за спортски настан. Само по неколку месеци работа, како хонорарен новинар во тогашното Радио Прилеп, доби прва награда „Златна значка“ за посебен прилог, што ја доделуваше тогашната еснафска асоцијација на Македонија.

Својата професионалност ја вгради и во првата локална телевизија во Македонија - Телевизија Прилеп, од емитувањето на првиот сигнал пред 19 години. Гледачите и слушателите ќе го паметат по спонтаноста, по неверојатната способност без грешка да ги води емисиите во живо, без напишан текст.

Достоинствен и доследен на себе, секогаш кога постоеја закани, Данчо стоеше на фронтот, во одбрана на дигнитетот на новинарската професија. Остана простум и во времето и во невремето.

Остави белег во објективното, навремено и балансирано информирање и како постојан дописник на „Утрински весник“ од почетокот на издавањето, па до 2007 година, а во одреден период беше дописник и на радиомрежата Канал 77.

Драг колега, еве денеска вака, со пишан збор, се простуваме од тебе. Почивај во мир! (Мн.Т.)


#
Статијата е прочитана 1006 пати.

Испрати коментар

Од: Зоран Милошески
Датум: 20.08.2010 00:29:53
Данчо беше мој драг пријател и колега. За разлика од многу други, имаше храброст и доблест да го каже тоа што другите се плашеа и да го помислат. Затоа уште повеќе боли начинот нас кој дел од прилепските новинари се простија од него. Со исклучок на вашиот дописник, ниеден друг поранешен уредник или директор на локалниот медиум на кој Данчо беше еден од основачите и во кој го помина безмалку целиот свој работен век, не покажаа ни трунка доблест да кажат некој збор за својот колега. Да биде трагедијата уште поголема, локалните новинарски вувузели на ДПМНЕ не успеаја навреме да стигнат на Комеморацијата одржана во негова чест! Стигнаа тогаш кога сите веќе ја напуштаа салата. Се прашувам, како ли само им успева да ги проследат сите “лопатарски“ активности на нивниот наредбодавач? Срамно, бедно, недостоинствено, нечовечно!!! Но како што рече Балашевиќ, “Неко то од горе види све“! Почивај во мир, драг пријателе!
Од: vesna
Датум: 20.08.2010 09:01:33
site nie eden den ke odime tamu i sekoj na svoj nacin. neka mu e lesna zemjata, a za semejstvoto socuvstvo
Од: јас
Датум: 20.08.2010 11:35:53
Лесна ти земја , школски!!!!
Од: Попоски П
Датум: 20.08.2010 18:47:34
искрено сочуство до фамилијата и до сите другари Почивај другар во мир засекогаш во мислите ќе бидиш со нас

Најди! во Утрински
Политика
Невработени се „вработија“ како управители на куќни совети
Се раскрчмува имотот на „Градски аптеки“
Секој може да направи грешка, смета Тодоров
Реакциите на ортопедите се професионални, а не лични
Тетовски игрoорци на фестивал во Гуча
Семејството Павлови ќе добива по 6.000 денари месечно
Од Вардар извадена удавена жена
Затруени тројца кошаркари во хотел „Континентал“