Од Вардар извадена удавена жена
Средовечна жена, чиј идентитет се' уште се утврдува, вчера околу 13,25 часот е извадена од водите на Вардар. Случајни минувачи го забележале мртвото тело во скопската населба Карпош 4, по што интервенирале пожарникарските служби. Според полицијата, станува збор за жена на возраст меѓу 45 и 50 години. На нејзиното тело немало видливи траги на насилство, а обдукцијата ќе треба да ги утврди причините за смртта. (Г.А.) |