Број 3363  петок, 20 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Политика

Секој може да направи грешка, смета Тодоров

Министерот за образование, Никола Тодоров, вчера изјави дека е човечки да се греши, но треба да се внимава да не се направи поголема штета.

Прашан дали поради чувството на одговорност за спорниот учебник по општество би поднел оставка, Тодоров одговори: „Во секоја работа има човечки фактор и оставена е можноста некој да згреши. Но, за среќа, не дозволивме оваа грешка да биде преточена во проблем за учениците и да направи поголема штета во образовниот систем. Одговорноста е една работа, вината е друга работа, а во целата оваа ситуација нема никаква вина ниту од Министерството за образование и наука, ниту од Националната комисија за учебници, ниту, пак, од Педагошката служба“.

Министерот соопшти дека новиот учебник по општество ќе биде готов ��о крајот на неделата. „Во тек е изработката на новиот учебник и извршена е суперрецензија. Вториот учебник ќе биде готов до крајот на оваа недела и ќе биде предаден на печатење, со цел да може да биде доставен до училиштата до започнувањето на учебната година. Во новиот тим се вклучени рецензенти кои имаат сериозни компетенции, искуства и знаење за да не дозволат да се случи ваква грешка во учебникот по општество, и тоа е клучниот фактор што не смее да затаи во целиот овој процес“, рече министерот. (О.В.)


#
Статијата е прочитана 661 пати.

Испрати коментар

Од: demokrat
Датум: 20.08.2010 00:49:48
Одговорноста е една работа, вината е друга работа, а во целата оваа ситуација нема никаква вина ниту од Министерството за образование и наука, ниту од Националната комисија за учебници, ниту, пак, од Педагошката служба“. Ako e toa taka, togas nie zboruvame za izmislen problem. A bidejki ne e taka, go prasuvam ministerot koj im doveril na NEPISNENI lica da gradat krivi vrednosti vo ucilistata. Kolku da se znae ne se samo iminjata na Toni Mihajlovski, Shakiri i Ferus visok. Kako sto procitav edno 70% od spisokot treba da se izbrise.
Од: ...
Датум: 20.08.2010 07:44:57
Има разлика од грешка и ГРЕШКА. Се не се толерира, посебно не она што не става во загуба. А децава нешто многу грешат. Ќе им текне што направиле, кога ќе пораснат...
Од: minister
Датум: 20.08.2010 07:51:17
da, da ministre posebno ako e minister dozvoleno e da mu se gresi i da mu se prostuva na steta na narodot
Од: Трпе
Датум: 20.08.2010 08:03:29
Точно е дека секој може да направи грешка,но дали е намерна или ненамерна,зајакот се крие тука.Ако може да пројде добро е ако не ке се извинуваме и правдиме.Сепак има замешано и други прсти со некоја друга цел........па,па извинете.
Од: јас
Датум: 20.08.2010 11:33:36
Министре , ако јас како мајстор дојдам кај тебе дома и земам да ти градам уште една соба , на пример..И собата испадне килава, крива и што ти ја знам , неподесна за живеење..Дали со иста ваква ноншалантност ќе ми дозволиш да си одам со парите договрени за градбата??? Или ќе бараш да ти ги вратам парите и да ти ја платам штетата.. Ќе добијам ли одговор дека ЧОВЕЧКИ Е ДА СЕ ГРЕШИ ?! Или твоите пари се само твои , а нашите се туѓи???
Од: Никола
Датум: 20.08.2010 12:22:34
Ова не е грешка г-не мин. - ова е катастрофа. Ако е само оваа грешка и нека биде простено ама се` е катастрофа во вој ресор. Дали му се простува на некој учесник во сообраќајот ако направил грешка и утепал друг учесник во сообраќајот или пешак. И јас те подржувам - за ова не треба да си поднесуваш оставка, во правни држави за ова се оди во затвор.
Од: Bukefal
Датум: 20.08.2010 12:51:44
Katastrofa nevidena, 1 000 000 denari narodni pari frleni na buniste so se ucebnikot, pa dali ova lice sto se narekuva Minister e normalen da kaze deka stetata ne bila golema. Pa jas da go pisuvav ucebnikot nemase takvi gluposti da napisam, a ne ovie samonareceni strucnjaci nevideni gluposti da pisuvaat.

Најди! во Утрински
Политика
Невработени се „вработија“ како управители на куќни совети
Се раскрчмува имотот на „Градски аптеки“
Реакциите на ортопедите се професионални, а не лични
Тетовски игрoорци на фестивал во Гуча
Семејството Павлови ќе добива по 6.000 денари месечно
Од Вардар извадена удавена жена
Затруени тројца кошаркари во хотел „Континентал“
Данчо Трајковски