Број 3415  вторник, 26 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Култура

Избрани дела од Раде Силјан во шест тома

Во издание на „Матица македонска“ од Скопје деновиве излегоа од печат Избрани дела во шест тома од истакнатиот македонски поет, литературен критичар и есеист, Раде Силјан, годинашен добитник на највисоката државна награда за животно дело „11Октомври“.

Во повеќетомното издание е направен селективен избор од поезијата што ја создавал авторот децении, како и критичко-есеистички текстови за македонските драмски писатели, раскажувачи, поети, романсиери и критичари.

На крајот од секој том се приложени извадоци од критиката на врвни интелектуалци, академици, професори, доктори на науки, писатели, литературни критичари. Застапени се текстови од Гане Тодоровски, Матеја Матевски, Луан Старова, Витомир Митевски, Христо Георгиевски. Петар Т. Бошковски, Данило Коцевски, Димитру М. Јон, Веле Смилевски, Тодор Чаловски, Санде Стојчевски, Миодраг Друговац, Благоја Иванов, Паскал Гилевски, Јован Павловски, Владимир Костов, Светлана Христова Јоциќ, Стефан Влахов Мицов, Радомир Ивановиќ, Мирољуб Стојановиќ, Бранко Цветковски и други.

Раде Силјан е добитник на значајни домашни и меѓународни награди за литература, а негови поетски книги се преведени на англиски, германски, француски, шпански, грчки, турски, романски, српски, хрватски, словенечки, украински, албански и на латински јазик.

Дизајнот на книгите е дело на познатиот ликовен уметник Кочо Фидановски. (Н.П.)


#
Статијата е прочитана 143 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Култура
Белградскиот саем под мотото „Памет в глава и книга в раце!“
„Балканско соѕвездие“ утре во МАНУ
„Мајки“ на Американскиот филмски маркет
Енергична завршница на „Скопје џез-фестивал“
Археолозите на симпозиум во Струмица
Луан Старова






No-confidence vote in Kosovo government leads to snap elections
Serbian president on historic visit to Croatia
Bulgaria least competitive country in the EU