Број 3415  вторник, 26 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Култура

„Балканско соѕвездие“ утре во МАНУ

Академик Томе Серафимовски преку скулптури и цртежи презентира 24 духовници од Балканот

Катерина Богоева

Во свечената сала на Македонската академија на науките и уметностите утревечер во 18 часот, академик Милан Могуш, претседател на Хрватската академија на науките и уметностите ќе ја промовира монографијата „Балканско соѕвездие“ на скулпторот , академик Томе Серафимовски, а час подоцна, Георги Старделов, претседателот на МАНУ ќе одржи пригодна беседа на отворањето на истоимената изложба, на која ќе бидат презентирани авторовите скулптури и цртежи на 24 личности, духовници од Балканот.

Се очекува присуство на поканетите претседатели на Академиите од балканските земји и на тамошните министри за култура. Автор на текстот во луксузно отпечатената монографија за изложбата е академикот од Хрватска, Јосип Братулиќ, еден од големите познавачи на средновековната култура, а како што потенцира Серафимовски „без конкуренција на Балканот, еден од најголемите познавачи на Кирил и Методиевото дело“.

На циклусот „Балканско соѕвездие“, авторот започнал да работи пред 30 - 40 години.

„Без оглед на тоа што одредени личности, духовници од нашата историја, од нашето опкружување сум ги работел од 1970 година, почнувајќи со споменикот на Кирил Пејчиновиќ во Тетово, не можев тогаш ни да претпоставам дека со мојот студиски пристап кон реализација во скулптурата на македонската преродба од 18 и 19 век, пред седум години ќе ми се јави идеја да работам едно културно, балканско соѕвездие. По мноштво консултации со интелектуалци од Словенија, Хрватска, Србија, Мак��донија, дојдов до список од 50 - тина личности, кои по мој избор ги сведов на 24, што не значи дека во него не можат да влезат уште толку. Тоа го оставам на иднината, ако даде Господ здравје, јас тоа и ќе го завршам. Тука има место и за еден Никола Тесла, за Иво Андриќ, за многу великани, но не можев да ги опфатам сите“, рече скулпторот неколку дена пред отворањето во своето ателје во МАНУ, опкружен и со дел од ликовите чии што скулптури освен во Скопје, во следните месеци ќе бидат презентирани и во Софија и Подгорица

„Ќе издвојам неколку од духовниците: Константин Преславски, авторот на кирилицата, но и балканските реформатори, како што е и Александру Јоан Куза, основачот на првата романска држава во 18 век, или Кемал Атататурк, основачот на современа Турција. Тука спаѓа и Скендер-бег, еден од најголемите борци на Балканот, кој не само што се бореше за одбрана од Отоманската Империја, туку и за одбрана на западната цивилизација воопшто. Тие се големи борци, реформатори кои заслужено добија место во моето „Балканско соѕвездие“.

А во ова соѕвездие меѓу 49 скулптури се и фигурите на Св. Лидија, на Св. Ирина од Византија, на Св. Кирил и Методиј, на Рига од Фере, Вук Стефановиќ Караџиќ, Петар II Петровиќ Његош, Мирослав Крлежа, портретите на Наим Фрашери, Кемал Бејатли Јахја, Ѓорѓија М. Пулевски, на Доситеј Обрадовиќ, Људевит Гај и др.

Ќе биде е претставен и избор од цртежи што ги претставуваат појавата и развојот на писмото, како и некои од личностите застапени во циклусот.

Запрашан што му било пресудно да вброи еден војсководец меѓу мислителите кои наместо меч, држеле перо во рака, Серафимовски рече:

„Јас тие војсководци ги нарекувам реформатори, а такви имаме и во Илинденското востание. Не можам да кажам дека Никола Карев е војсководец, не можам да кажам дека Гоце Делчев е војсководец, но не можам да кажам ни дека Питу Гули не е класичен борец. Тука треба да правиме разлика. За мене е битна идејата која треба да има порака на обединување. Избирав личности од Балканот кои се реформатори во државна или во јазична смисла: Вук Караџиќ е реформатор на писмото, а Људевит Гај е реформатор во јазикот во Хрватска. Сите тие на одреден начин се водачи, но сите се духовници. На одреден начин се личности кои одат кон обединување. „Балканско соѕвездие“ ме интересира не како географско и катастарско обединување на просторот, туку како духовно обединување. Ако тоа духовно обединување надвладее, тогаш нема да има проблем за мир на овој проклет Балкан. Но, проблем е што тоа не надвладува. Балканот дал мноштво светски големини, но за жал, е една голгота. Македонија во таа голгота јас ја доживувам како хаварија. Гледате што се случува, Македонците не можат на софра да седнат и со едно кафе да се договорат за да се обедини оваа наша проколната земја“.

Присуството на хрватските академици со текст и при промовирањето на монографијата, е резултат на силната врска на академик Томе Серафимовски со Хрватска, но и на соработка на академиите од двете земји.

„Хрватска е моја духовна татковина, таму завршив средно уметничко училиште, работев во театарот во Сплит, завршив студии на Загрепската академија за ликовни уметности и му бев соработник на мојот професор Антун Августинчиќ во неговата мајсторска работилница. Во Хрватска ми се роди и потомство. Во таа земја имам многу пријатели интелектуалци со кои меѓу другите се консултирав за изборот на личностите во „Балканско соѕвездие“.


#
Статијата е прочитана 283 пати.

Испрати коментар

Од: perica
Датум: 26.10.2010 13:14:23
Pak li? A ova muabetive isti 100 godini ,kako i celata institucija, aman zaman veke dosta e!

Најди! во Утрински
Култура
Белградскиот саем под мотото „Памет в глава и книга в раце!“
„Мајки“ на Американскиот филмски маркет
Енергична завршница на „Скопје џез-фестивал“
Избрани дела од Раде Силјан во шест тома
Археолозите на симпозиум во Струмица
Луан Старова






No-confidence vote in Kosovo government leads to snap elections
Serbian president on historic visit to Croatia
Bulgaria least competitive country in the EU