Број 3415  вторник, 26 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Култура

Белградскиот саем под мотото „Памет в глава и книга в раце!“

Македонија ќе ја претставува издавачката куќа „Магор“, која в сабота ќе реализира Македонски ден на саемот

Невена Поповска

Белградскиот саем на книга по 55. пат ќе ги отвори вратите за љубителите на книгата, кои до 31 октомври ќе можат да уживаат во морето книги, со кои ќе се претстават 423 издавачи. Македонски комесар на саемот е издавачката куќа „Магор“, која в сабота ќе организира Македонски ден.

Како што соопштуваат организаторите, за посетителите саемските хали ќе бидат отворени од денеска во 15 часот, а во 18 часот со фанфари ќе биде официјално најавено отворањето на манифестацијата за кое се задолжени шведската писателка Оса Линд, во име на земјата-гостин и Ласло Вегел во име на домаќините.

Организаторите обезбедиле 31.050 квадратни метри простор, а според концептот што беше прифатен минатата година, ќе бидат издвоени издавачите од книжарите со тоа што првите во хала 1 ќе ги продаваат исклучиво своите изданија. Странските издавачи, дистрибутери и книжари се сместени во четвртата хала, додека државните институции

и салите за останатите програми се во хала 1а.

Во рамките на саемот, кој годинава се одвива под мотото „Памет во глава и книга в раце!“, ќе бидат реализирани 48 придружни програми. Излагачите досега најавиле 59 промоции, како и 136 претставувања на сопствените штандови.

На саемот ќе бидат доделени наградите за издавач на годината, издавачки потфат и најдобра детска книга, додека наградата „Доситеј Обрадовиќ“ ќе му биде доделена на странски издавач, кој најмногу придонел за промовирање на српската култу��а.

Покрај странските учесници, кои и изминатите години редовно се дел од манифестацијата, годинава им се придружуваат и Словачка и Холандија, а на последниот ден од саемот, амбасадорот на Шведска, која годинава е почесен гостин на саемот, ќе му ја предаде „отворената книга“ на почесниот гостин за 2011 година, кој ќе биде од групата земји со португалско говорно подрачје - Бразил, Португалија или Ангола.


#
Статијата е прочитана 249 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
„Балканско соѕвездие“ утре во МАНУ
„Мајки“ на Американскиот филмски маркет
Енергична завршница на „Скопје џез-фестивал“
Избрани дела од Раде Силјан во шест тома
Археолозите на симпозиум во Струмица
Луан Старова






No-confidence vote in Kosovo government leads to snap elections
Serbian president on historic visit to Croatia
Bulgaria least competitive country in the EU