Археолозите на симпозиум во Струмица
Денеска во 11 часот во хотелот „Цар Самуил“ во Банско, Струмица, ќе почне тродневниот XXI симпозиум на Македонското археолошко научно друштво, на кој 95 археолози од земјава ќе ги презентираат своите тематски трудови, од сите историски периоди што ги опфаќа археологијата. Симпозиумот ќе го отвори градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев.(К.Б.) |