Број 3415  вторник, 26 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Култура

Енергична завршница на „Скопје џез-фестивал“

Манифестацијата финишираше со Тригве Сеим и Фроде Халтли, Терје Рипдал и „Берген биг банд“ и „Аронас“

Бојан Шашевски

По настапите на кубанскиот композитор и пијанист Омар Соса, Италијанката Марија Пија де Вито, гитарскиот магионичар Лери Карлтон, младиот Холанда, ансамблот „Флат еартх социетѕ“, квартетот на импресивната Барбер, но и полноќните клупски свирки со саксофонистот Јури Онинг, боса-новата на Пола Мореленбаум и американскиот колектив „The Ethnich“, дојде време да се збогуваме со 29. издание на „Скопје џез-фестивал“ и да ги пречекаме последните концертни возбудувања.

Овој пат гостите на манифестацијата се преселија од Универзална сала во Македонската опера и балет, каде што Оливер Белопета го најави крајот на овогодишниот фестивал, им се заблагодари на музичарите и на верните посетители, напомнувајќи дека подготвуваат специјална програма за следното јубилејно, 30. џез- соединување.

За соодветен музички финиш се погрижија две интересни норвешки групации. Краткиот, но слаткиот настап на тандемот Тривге Сеим и Фроде Халтли претставуваше интимна, интриганта, на моменти мрачна и помалку елегична спојка на дуото со публиката. Едночасовното дружење со Скандинавците ја докажа нивната флексибилност, каде што хармониката на Халтли дишеше и воздивнуваше, а саксофонот на Сеим му зборуваше на будниот аудиториум. Колаборацијата одлично го претстави музичкото парче „Ѕераз“ – модерна џез-композиција.

На традиционалната норвешка вечер воопшто немаше време за пауза. Терје Рипдал со себе го донесе дваесетчлениот „Берген биг банд“ и гласен, мултиинструментален звучен бран. Колективот на реномираниот гитарист дејствуваше како еден комплексен жив организам, истовремено правејќи апсурдна, драматична, возбудлива и оркестрална атмосфера. Интересни беа и вметнувањата на семплови од американски гангстерски филмови, соодветна подлога за неодамнешниот проект-албум наречен „Crime scene“.

Се чини дека фестивалот не можеше да заврши подобро. Динамични и експлозивни, духовити и оригинални, џез-панк составот „Аронас“ ги остави без здив посетителите во клубот „Хардрок“. Ексцентричниот Арон Отињон играше, скокаше, лежеше на земја, свиреше на пијано, се симна меѓу присутните, а по бисот на сцената да земе и неколку девојки од публиката. Несомнено, енергијата што ја поседуваат четворицата момци од новозеландско-англискиот состав и' додадоа уште еден убав впечаток на манифестацијата „Скопје џез-фестивал“.


#
Статијата е прочитана 164 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Белградскиот саем под мотото „Памет в глава и книга в раце!“
„Балканско соѕвездие“ утре во МАНУ
„Мајки“ на Американскиот филмски маркет
Избрани дела од Раде Силјан во шест тома
Археолозите на симпозиум во Струмица
Луан Старова






No-confidence vote in Kosovo government leads to snap elections
Serbian president on historic visit to Croatia
Bulgaria least competitive country in the EU