РВЕ се двоуми околу учеството во „Белене“
Берлин – Германската компанија РВЕ размислува да се повлече од проектот за изградба на нуклеарната централа „Белене“ во Бугарија, соопшти агенцијата „Блумберг“, повикувајќи се на германскиот печат. Главниот извршен директор на РВЕ, Јорген Гросман, ќе направи процена на идните приоритети на компанијата, а како главна причина за двоумењето се високите цени. Бугарија покани неколку земји, меѓу кои и Македонија, да учествуваат во изградбата на НЦ „Белене“, но од македонска страна немаше одговор за бугарската понуда. (Макфакс) |