„Хуго бос“ ја прекина соработката со „Мура“
Љубљана - Германската модна куќа „Хуго бос“ ја прекина соработката со „Мура“, соопшти директорот на познатата словенечка конфекција Бојан Старман. Тој при тоа изрази надеж дека соработката, сепак, ќе продолжи, откако ќе се стабилизира состојбата во компанијата. Производството во „Мура“ е во прекин од понеделникот, кога 500 вработени го блокираа влезот во управната зграда на компанијата. (МИА) |