Број 3095  сабота, 26 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Економија

Сите „против“ срамните банкарски бонуси, ама договор нема

Француската министерка Лагард тврди дека на средбата на Г-20 шефовите не дале одобрение за целиот документ

Питсбург - Иако главната поента на средбата беше да се постигне согласност за ограничување на срамните банкарски бонуси и тоа во светски рамки, такво нешто, по се' изгледа, не им успеа на шефовите на држави и влади на средбата на Г-20 што се одржа во американскиот град Питсбург. Иако од САД стигна веста дека е постигната согласност за ограничување на премиите во финансискиот сектор, која агенциите ја цитираа од предлог-декларацијата на форумот, вчера попладнето од Париз се огласи француската министерка за економија, Кристин Лагард, која тврди дека се' уште нема договор на Г-20 за бонусите на банкарите.

„Уште ништо не е направено во однос на спогодбата на Г-20 за регулирање на финансискиот систем. Спогодба речиси и има, а во исто време таа е и многу далечна“, посочи Лагард за Радио Европа 1. Таа истакна дека голем дел од техничката работа е завршена. „Минавме часови работа за да ги зближиме гледните точки.....и уште ништо не е направено, затоа што прво шефовите на држави и влади не дале одобрение за целиот документ, а и некои елементи уште не се разјаснети“, изјави Лагард. Ако се постигне спогодбата, таа ќе се применува за бонусите за 2009 година, кои се исплаќаат во текот на 2010 година, прецизира француската министерка.

Повикувајќи се на делови од проектот за завршната декларација за средбата на врвот на Г-20 во Питсбург, претставник на една од дваесетте земји, кој посака анонимност, претходно утринава соопшти дека дваесетте шефови на држави и влади ќе препорачаат „да се ограничат бонусите до определен процент од нето банкарските приходи, во случај кога и' се закануваат на здравата основа на капиталот“.

Инаку, раководителите на највисоко развиените држави од Г-20 се едногласни дека би било пребрзо да се прекинат мерките на стимулирање на економијата. Овој став се наоѓа во нацрт-завршното коминике од средбата на врвот во Питсбург. Според учесниците на форумот, треба да се чека економското закрепнување да добие траен карактер и тогаш да се прекинат стимулациите, а дотогаш владите да продолжат да трошат пари во заживувањето на економиите.

Групата на дваесетте ќе ја преземе улогата на постојан совет за светска економска соработка, соопшти Белата куќа, цитирана од американските медиуми. Иницијативата е на претседателот на САД, Барак Обама. Имено, групата на 20 најголеми и најразвиени економии ќе преземат нова улога како постојано тело за координација на светската економија. Промената ќе им даде повеќе моќ на економиите во развој, отколку на развиените земји од групата Г-8. Практично, Г-20 ќе го наследи помалиот Г-8, составен од големите индустриски сили.

Европската унија на средбата најави промена во гласањето во Меѓународниот монетарен фонд, во полза на растечките економии како што е Кина. Мо��ентно Кина има 3,7 отсто од гласовите во ММФ во споредба со Франција со 4,9 отсто, иако сега кинеската економија е 50 отсто поголема од француската.

За самитот поволно се изрази претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо.

Инаку, полицијата во американскиот град Питсбург употреби солзавец за да растера учесници во демонстрации против средбата на врвот на Г-20. Околу 2.000 демонстранти се вклучија во протестите за кои локалните власти не дадоа дозвола, јавуваат американски медиуми. Демонстрантите се собраа во паркот Арсенал на околу два километра од конгресниот центар каде што се одржува дводневната средба. Полицијата се судри со демонстрантите откако тие се обидоа упорно, и по неколку предупредувања, да стигнат до Конгресниот центар. Тие, според локалните медиуми, почнале да фрлаат со шишиња врз полицијата по што кон нив било возвратено со солзавец.

Првата дама на САД, Мишел Обама, им подготви на сопругите на лидерите подароци, кои се и многу лични и историски - уникатни порцелански сервиси за чај и мед од Белата куќа. (Според агенциите)

 


#
Статијата е прочитана 394 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Груевски ја повика НБМ да ги спушти каматите
Владата за 2010 планира раст до два отсто - ќе се оствари ли?
Најголемата банка има сиромашен директор
Eврото урива рекорди, паника на пазарот
Нова понуда за станбените кредити
„Хуго бос“ ја прекина соработката со „Мура“
Просечната плата во јули 19.763 денари
„С-лизинг“ ќе вложи 10 милиони евра
РВЕ се двоуми околу учеството во „Белене“