Број 3095  сабота, 26 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Економија

Eврото урива рекорди, паника на пазарот

Тирана - Еврото во Албанија достигна најголема вредност во однос на лекот, што предизвика паника на пазарот. Едно евро првпат достигна 140 албански леки, поради што завчера и вчера имаше недостиг од евра на пазарот. Гувернерот на Албанската банка, Ардијан Фуални, побара да не се прави паника на пазарот, бидејќи, според него, не е во прашање ослабнување на лекот, туку превреднување на еврото.

Тој смета дека албанскиот лек е стабилен и не треба да има паника. Министерот за финансии, Ридва Боде, рече дека нема потреба од неконтролирано купување евра. Сепак, вчера, медиумите јавија дека фирмите и банките купуваат само евра, кои го има се' помалку на пазарот.

Фулани и Боде укажаа дека албанската национална валута треба да остане на пазарот се' додека земјата не стане членка на ЕУ. Премиерот Бериша, пак, најави можност поради слабеењето на лекот да се разгледа можноста за воведување на еврото. (Макфакс)


#
Статијата е прочитана 2134 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Груевски ја повика НБМ да ги спушти каматите
Владата за 2010 планира раст до два отсто - ќе се оствари ли?
Сите „против“ срамните банкарски бонуси, ама договор нема
Најголемата банка има сиромашен директор
Нова понуда за станбените кредити
„Хуго бос“ ја прекина соработката со „Мура“
Просечната плата во јули 19.763 денари
„С-лизинг“ ќе вложи 10 милиони евра
РВЕ се двоуми околу учеството во „Белене“