И банките и Владата очекуваат НБМ да ја олабави монетарната политика, оттаму засега нема таква најава
Соња Маџовска
Банкарите очекуваат олабавување на монетарната политика, со што ќе се отвори простор и за намалување на каматните стапки. И премиерот Никола Груевски повторно ја повика Народна банка на Македонија да размисли за олабавување на монетарната политика, поради стабилизирање на девизниот пазар.
Овие очекувања се особено подгреани по објавувањето на податоците на НБМ за состојбата со девизните резерви, кои конечно, по драматичниот пад во првите месеци од годинава, во август тие за прв пат оствариле збирен пораст, достигнувајќи ниво од 1,5 милијарди евра.
Но, од НБМ засега нема најава дека поради стабилизирањето на резервите, во наредниот период може да дојде до релаксирање на монетарната политика.
Од НБМ вчера подетално не' информираа за тоа од каде се наполнија државните резерви. Ставката од 175 милиони евра од еврообврзницата е веќе позната, но нов е фактот што на сметката на централната банка веќе се легнати 56 милиони евра од ММФ, по основ на посебните права на влечење од националната квота во ММФ, која и' припаѓа на земјава.
Од НБМ објаснуваат дека од 30 јуни, кога падот на девизните резерви во однос на лани изнесувал речиси 300 милиони евра, за два месеца, до 31 август, не само што е надоместен овој пад, туку и се зголемени резервите за 10,1 милион евра во однос на крајот на 2008 година. Овој раст се должи и на зголемениот откуп на девизи на пазарот од страна на НБМ, намалувањето на трговскиот дефицит, а од централната банка објаснуваат дека има подобрување и кај дефицитот на тековната сметка, врз основа на зголемен прилив на средства по основ на дознаките од странство.
За премиерот Груевски овие податоци се добар сигнал и враќање на состојбите пред кризата. „Девизните резерви во последните месеци пораснаа, а централната банка е во состојба да го откупи вишокот на девизи на девизниот пазар. Тие достигнаа околу 1,5 милијарда евра, колку во декември 2008. Тоа покажува тренд што ја враќа состојбата пред почетокот на кризата. Тоа е добар сигнал, централната банка да може да размислува за олабавување на монетарната политика, затоа што имаме сериозно стабилизирање на девизниот пазар“, изјави вчера Груевски.
И за банкарите зголемувањето на девизните резерви е доволен сигнал за НБМ да интервенира со релаксирање на монетарната политика. „Оваа тенденција што се случува во последно време е најдобар показател дека има стабилизација на девизниот пазар и на депозитите и очекуваме во иднина дека ќе дојде до олабавување на монетарната политика, односно на одредените инструменти на надлежните институции, како што се задолжителните резерви и други ликвидни фактори. Ова ќе ни овозможи да ги зголемиме средствата за финансирање на населението“, изјави вчера Владимир Ефтимовски, директор н�� Инвест банка. Според него, тие во изминатиов период повеќе се потпирале на средства од странство од нивната банка „мајка“ и со нив ги кредитирале профитабилни компании под поповолни услови.
Експертите, пак, се поделени, едни сметаат дека нема многу простор за олабавување и дека не може да не' радува фактот што девизните резерви се зголемиле поради намалената економска активност и падот на увозот, а други, пак, велат дека е дојдено вистинско време НБМ да ја олабави монетарната политика. „Нема простор за олабавување. Сега има состојба кога сме релаксирани со девизните резерви и дај боже тоа да продолжи, но никој не може да биде сигурен во тоа“, вели професорот Мирољуб Шукаров од ЈИЕ. Според него, не може да бидеме среќни што една од главните причини за порастот на девизните резерви е падот на стопанската активност и намалениот увоз. „Треба да се има предвид дека девизните резерви се поправени заради еврообврзницата, меѓутоа една од главна причина за порастот е тоа што е многу намален увозот, значи по тој основ не се одлеваат девизи, но тоа покажува дека страда економската активност. Точно е дека има подобрување кај трансферите, но и тука е рано за олабавување, бидејќи во земјите каде што има наши работници се уште нема нема значајно подобрување и не може да се каже како ќе се движат дознаките во наредниот период. Нафтата сега има ниска цена, но никој не знае како ќе продолжи да се движи цената на нафтата. На пазарите на металите има раздвижување, но и тука не се знае дали ќе биде стабилно“, објаснува Шукаров.
И јас да земам кредит од банката од 100.000 евра и јас ќе имам вишок на евра, но проблемот настанува кога треба да се враќаат тие евра и тоа со камата.
Од: jovan
Датум: 26.09.2009 13:16:50
Tocno "realen". Nikoj ne spomnuva deka i od domasnite banki se zemeni "pozajmici"(obvrznici i zapisi) vo iznos od okolu 200 milioni evra. Sega za sega ,sekoj vtornik/sreda gi obnovuvaat, isplakaat samo kamata, a glavnicata ne ja vrakaat. Na bankite ova im odgovara bidejki si zemaat solidni kamati(za sega), no ova vecno nema da trae. Ke dojde vreme koga ke MORA da gi smalat kamatite, a bankite ke pocnat da si gi povlekuvaat parite. Toa nikoj ne go spomenuva, a e golem problem koj ke vliae na kursot na denarot. Za da se spasat najverovatno ke go smalat procentot na zadolzitelna devizna rezerva(maximumot sega e 30%) ke go smalat na 15-20% ,t.e ke gi primoraat bankite da si gi prodavaat devizite za denari, za da gi nadoknadat deviznite rezervi. Toa e opcijata koja preostana ili pa povtorno da se zadolzuvaat. Drugo nema.
Од: Donald Duck
Датум: 26.09.2009 15:04:41
Neka prestane Grujo da izdava drzavni zapisi, i kamatite sami kje si padnat.....