Брoj 2797  петок, 26 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

Талат Џафери се откажа од пратеничкиот имунитет


Талат Џафери за време на изборните инциденти

Собраниската Комисија за мандатно-имунитетни прашања сепак ќе расправа за имунитетот на Џемаили

Гојко Ефтоски

ТЕТОВО - Пратеникот од ДУИ, Талат Џафери, вчера самоиницијативно се јавил на распит пред судечкиот судија од Основниот суд во Тетово за да го извести дека доброволно се откажува од имунитетот и планира редовно да се појавува на сите судски рочишта. Со тоа делумно им ја олесни работата на членовите на собраниската Комисија за мандатно-имунитетни прашања, кои доцна попладне требаше да се произнесат околу неговиот случај, но и да расправаат по барањето на скопскиот судија Горан Бошевски околу имунитетот на неговиот сопартиец Хисен Џемаили.

Токму прашањето за одземањето на имунитетот на двајцата пратеници на ДУИ и отворањето на хашките случаи ги крена на нозе двете албански партии. По завчерашните итно свикани партиски состаноци, тие излегоа во јавноста речиси со идентични ставови, со кои ја доведуваат во прашање легитимноста на македонските судови да постапуваат по хашките предмети.

„Не сакаме да веруваме дека правосудните органи во Македонија и натаму остануваат заложници на политиката и политичките елити. Особено не сакаме да веруваме дека судовите во земјава спроведуваат политички диктат. Нашиот став за амнестијата и за хашките случаи е многу јасен. Сите четири хашки случаи подлежат на Законот за амнестија и тука нема никакви дилеми. Нашите аргументи ќе ги изложиме на средба со коалиционите партнери“, категорична беше Ермира Мехмети, актуелен пратеник на ДУИ и член на Претседателството на партијата.

Сепак, во нејзиното искажување немаше конкретен став околу четворицата пратеници од ДУИ против кои моментно се води судска постапка. Двајца од нив се инволвирани во хашките случаи, додека за други двајца се води постапка за изборни нерегуларности.

Лидерот на ДПА, пак, Мендух Тачи, рече дека веќе имале нова иницијатива до парламентот и оти во наредните неколку денови и официјално ќе побараат автентично толкување на Законот за амнестија.

Пратеникот Хисен Џемаили е обвинет за малтретирањето на работниците на ГП „Маврово“ кај Желино, додека Хајрула Несими за затворањето на Липковската брана. Против Вулнет Амети и Талат Џафери се води постапка за инциденти сторени за време на предвремените парламентарни избори.


Статијата е прочитана 681 пати.

Испрати коментар

Од: Mitre
Датум: 26.09.2008 04:49:26
DUI ke bidat teroristicka partija ( sto se pokaza dosega mnogu pati ) ako se obidat da spasat terorist! Ocigledno nekoi pratenici treba da se sovetuvaat so psihijatar zatoa sto samo nenormalni ludje mozat da se izzivuvaat na toj nacin so rabotnicite i celo Kumanovo...Kade odi DUI?Svestete se normalni Albanci kakvi monstrumi stitite!!!
Од: mane
Датум: 26.09.2008 07:10:28
Од македонските албанци се најде еден маж да излезе пред судот. Зошто Ахмети се лигави, па каде е таа храброст ,нека дадозволи неговите непослушни командирчиња да ги пушти пред судот. Зарем само македонските македонци се храбри, па отидоа во Хаг да ги кажат свои приказни за војната. Г-ѓа Теута бара мажи во политиката, но изгледа само она е маж меѓу мажите.Дозволете вашите уметници да му кажат на судијата, дека им било тешко да се борат со тие што носеле оружје, па се бореле со луѓе наоружени со мистрии,метро, чекан, фангла и.т.н. За да не се досадувале, ги покажале своите уметнички склоности. Судијата можеби ќе ги награди или ќе ги плесне по газето и ќе ги прати дома,друг пат така да не прават. Имате упла од судот. Па Г-дин.Али,вие сте храбар човек, ако малку претерале, не дозволувајте образот да ви го валкат. Така ќе останете праведен политичар, а не лигав лидер. Не е касно да го поправете имиџот кој го имате, а го губите бранејки неоговорни луѓе.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Политика
Лидерите без договор за цензусот
Македонското општество омекнува
За статусот на МПЦ нема да се решава на православниот собир
Се предлага закон за студентски правобранител
По 250 евра за разрешените претседатели на изборни комисии
Ќе се менува Законот за слободен пристап до информации
Шекеринска бара од Велјановски нова расправа за Деловникот
Европската безбедносна политика значајна и за регионот
СПМ повикува на единство во однос на прашањето за името