Брoj 2797  петок, 26 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

Европската безбедносна политика значајна и за регионот

ОХРИД - Во организација на Министерството за одбрана со поддршка на Франција, како актуелен претседавач на ЕУ, вчера Во Охрид започна дводневната Регионална конференција за европска безбедност и одбранбена политика (ЕБОП), на која учествуваат претставници и делегации од 25 земји од регионот и од Европа.

Министерот за одбрана, Зоран Коњановски, на отворањето на конференцијата пред присутните истакна дека димензиите на овој собир се потврда на значењето на европската безбедносна и одбранбена политика за регионот, Европската унија и многу пошироко.

„Европската безбедносна и одбранбена политика стана неразделив дел од европската интеграција и едно од најважните прашања од интерес за меѓународната безбедносна сцена денес“, истакна Коњановски, додавајќи дека овој регион успеа непоколебливо да чекори напред.

Евроамбасадорот Ерван Фуере истакна дека одржувањето на оваа конференција е извонреден начин да се нагласи соработката во областа на одбраната и безбедноста. „Како идна членка на Унијата, Македонија ќе треба да преземе многу одговорности во областа на одбраната и безбедноста, а оваа конференција е добра подготовка за она што ќе се очекува од неа во иднина“, истакна Фуере.  Францускиот амбасадор Бернар Валеро рече дека бројот на учесниците и делегациите на конференцијата е потврда на важноста од регионалната безбедносна соработка, но и пошироко во Европа, што е и еден од приоритетите на Франција како актуелен претседавач со ЕУ. (МИА)


Статијата е прочитана 87 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Политика
Лидерите без договор за цензусот
Талат Џафери се откажа од пратеничкиот имунитет
Македонското општество омекнува
За статусот на МПЦ нема да се решава на православниот собир
Се предлага закон за студентски правобранител
По 250 евра за разрешените претседатели на изборни комисии
Ќе се менува Законот за слободен пристап до информации
Шекеринска бара од Велјановски нова расправа за Деловникот
СПМ повикува на единство во однос на прашањето за името