Број 3126  среда, 04 ноември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Забава

Со терапија „Дракула“ до продолжена младост

Се вадат неколку дози крв, се додаваат витамини, а потоа крвта се инјектира во лицето

Ја нарекуваат терапија „Дракула“, а објаснувањето е дека во вашето лице се инјектира крв земена од вас. Терапијата С3 моментно е најжешка вест во козметиката што се однесува на борбата против стареењето. Кратенката СЗ значи терапија за кожа „стимулиран сопствен серум“ и е воведена во Велика Британија од францускиот лекар-козметичар Даниел Систер, со седиште во Лондон.

Терапијата се спроведува така што лекарот вади неколку дози од вашата крв, лабораториски потоа ја двои на црвени крвни клетки, чист серум и крвни плочки. Потоа, откако ќе се додадат витамини и аминокиселини, збогатениот серум се инјектира во вашето лице.

Според доктор Систер, тоа стимулира корекција на ДНК, ги зараснува лузните и ја прави сувата, набрана, збрчкана и кожа без сјај да изгледа и да се чувствува природно помлада, без потреба од синтетички средства или остри и болни ласери или пилинзи. Иако С3 звучи чудно, има изненадувачки потврдено медицинско педигре. Повеќе од две децении стоматолозите го користеа сопствениот серум на пациентот за да ги поттикнат непцата сами да се регенерираат.

Во Америка, неколку студии укажаа дека инјектирањето плазма со крвни плочки кај спортските повреди може да доведе до побрзо закрепнување. Која е тајната? Серумот е богат со фактори на развој, природни протеини што можат да го поттикнат лекувањето и да спречат оштетување во телото.

Доктор Систер вели: „Мислев дека ако серумската терапија е доволно добра за коските и меките ткива, како што се непцата, тогаш би можела да биде уште подобра во кожата“. Тој реши да ја поврзе терапијата со плазма богата со крвни плочки, што подразбира длабоки инјекции во оштетеното меко ткиво, со традиционалниот француски третман за убавина - мезотерапија, што подразбира десетици мали инјекции од витамини и минерали во површните с��оеви на кожата. Пластичните хирурзи тежнеат да ја исмејуваат мезотерапијата, но студиите покажаа дека траумата на кожата во форма на мали дупчиња од убод може драстично да го зголеми нивото на природен колаген.

Доктор Систер работи во партнерство со д-р Сирил Блум, исто така, француски лекар-козметичар кој работи во Лондон. Тие вообичаено се постојано ангажирани, но успеаа да најдат термин за авторката на текстот да ја проба новата терапија. Авторката се обрати кај д-р Блум со барање за поцврста кожа која, генерално, изгледа посјајно и помалку заморна. Исто така, кожата и' е склона на дамки. Доктор Блум вели дека може да помогне, да ги отстрани линиите на челото и оние меѓу носот и устата.

Терапијата С3 започнува така што доктор Блум извлекува крв од раката - четири дози - кои се поставуваат во центрифуга за да се издвојат црвените крвни клетки. По неколку минути, црвените крвни клетки се на дното во садот, а жолтеникава јасна течност на врвот. Тој ја извлекува течноста и ја меша со витамини и протеини. Потоа почнува инјектирањето.

Дали боли? Да, малку боли. Не помогна уморот, гладот или стр��сот. Има многу инјекции. Не се бројат. Доктор Блум ги инјектира врз целото лице, од линијата каде што почнува косата до вилицата, покривајќи го лицето со мали иглички. Чувството е како вуду-кукла, но целата постапка трае околу 10 минути. И покрај очекувањата дека лицето ќе изгледа ужасно од малите раскрвавени дупчиња, по третманот нема крв, туку само благо црвенило. Потоа почнуваат подлабоките инјекции околу очите, на челото, од носот до устата и помеѓу веѓите. И покрај стравот, тие се нежни и едвај се чувствува болка. Третманот завршува со мирување под црвено и сино терапевтско светло, што е добро за лекување на кожата и уништување на бактериите, меѓу кои и бактериите што предизвикуваат акни.

Со помош на шминка, речиси ништо не се познава. Авторката вели дека лицето било нежно, но исцрпено, а следниот ден кожата изгледала убаво, дури и добро. Линиите меѓу носот и устата и на челото исчезнале. Дамката на брадата била многу намалена. Сепак, вистинските промени на кожата ќе се забележат по неколку недели кога магичните фактори на развојот ќе го вратат времето назад.

Терапијата „Дракула“ чини 500 фунти. (Дејли мејл)

 


#
Статијата е прочитана 291 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Прв роденден на модната куќа „Елена Лука“
Единаесетгодишна Бугарка роди девојче
ЕЛИЗАБЕТ ХАРЛИ
Сексуалните тајни пред родителите
Доаѓаат „Елементал“ и „Мунспел“
Концерт на „Мугер фугер“ во МКЦ
Ноне и „Скандал“ на свирка во Штип
Татјана Лазаревска го промовира „Совршен“
Не сум во врска со Кристен Стјуарт
„Доста“- нова песна на Елена Ристеска
Брух од марихуана