Број 3126  среда, 04 ноември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Забава

Единаесетгодишна Бугарка роди девојче

Ромката Кордеза Желиазкова од бугарскиот град Сливен е една од најмладите мајки во светот

„Повеќе нема да си играм со играчки. Сега си имам нова играчка“, изјави единаесетгодишната Кордеза Желиазкова од бугарскиот град Сливен гордо покажувајќи го своето бебе, ќерката Виолета. Таа неодамна стана една од најмладите мајки во светот, породувајќи се на денот на својата венчавка.

Кордеза која забременила две недели пред 11 роденден ја помина ноќта во болница со Виолета, а наредниот ден замина во црква за да ја заврши венчавката со 19-годишниот Јелиазко Димитров.

-Чудно е да се биде мајка и да се има бебе, изјави Кордеза за „News of the World“. Таа е сега мојата нова играчка“. Прекрасна е, ја сакам. Сега Виолета е детето, а јас морам да пораснам. Не се враќам на училиште- сега сум мајка“.

Таткото, пак, кој се соочува со можна казна затвор од шест години поради секс со малолетничка изјави: „Бев преплашен кога дознав дека е бремена. Не планиравме да имаме секс, ниту бебе, иако се заљубив во неа уште првиот момент кога ја видов“, рече Димитров. „Поминував покрај училиштето кога забележав дека неколку момчиња ја задеваат и им реков да ја остават на мира. Потоа таа ме покани на состанок. Мислев дека има 15 години. Не ми кажа дека е 11-годишна.“

Нивната ќерка била зачната неполна недела по запознавањето. „Не знаев дека сум бремена се' додека баба ми не забележа дека сум поправена. Мислев дека сум изела премногу хамбургери“, изјави Кордеза, која се породи за време на тридневната свадбена церемонија што инаку е традиција кај Ромите.

Виолета ќе ја чуваат двете баби, а Кордеза ќе добива 70 фунти месечно како помош од државата.


#
Статијата е прочитана 1877 пати.

Испрати коментар

Од: Saso
Датум: 04.11.2009 08:05:02
Devojce ragja na 11 godini, ova e premnogu zalno da bide staveno vo rubrikata "zabava".

Најди! во Утрински
Забава
Прв роденден на модната куќа „Елена Лука“
ЕЛИЗАБЕТ ХАРЛИ
Со терапија „Дракула“ до продолжена младост
Сексуалните тајни пред родителите
Доаѓаат „Елементал“ и „Мунспел“
Татјана Лазаревска го промовира „Совршен“
Ноне и „Скандал“ на свирка во Штип
Концерт на „Мугер фугер“ во МКЦ
Не сум во врска со Кристен Стјуарт
„Доста“- нова песна на Елена Ристеска
Брух од марихуана