РОБЕРТ ПАТИНСОН
Не сум во врска со Кристен Стјуарт
Ѕвездата на „Самрак“, Роберт Патисон, кој го глуми вљубениот вампир Едвард, во интервјуто за „Венити фер“ повторно ги негираше трачевите дека е во врска со колешката Кристен Стјуард, која го глуми ликот на Бела во истоимениот филм.
„Нема никаква врска тоа што го зборуваат таблоидите. Јас бев на другиот крај на земјата од Кристен, а веќе започна да се говори како сме на таен состанок. Само се прашував каде?“ изјавил дваесет и тригодишниот Патинсон, кој не негира, сепак, дека го инспирира деветнаесетгодишната колешка.
„Таа имаше големо влијание на тоа како е снимен филмот ’Самрак‘. Добро е да се има некој кој е целосно рамнодушен кон целиот тој спектакл“, тврди Роберт.
И покрај негирањата од младиот актер, режисерот на „Самрак“, Кетрин Хардвик, вели дека хемијата помеѓу Роберт и Кристен е очигледна и дека поради тоа се избрани двајцата за главни протагонисти за популарната вампирска франшиза.
„Роб и Кристен имаат многу силни чувства еден за друг. Комплексни емоции. Тоа е токму она што ни беше потребно. Комплексна интензивна фасцинација“, изјавила Кетрин.
|