Доаѓаат „Елементал“ и „Мунспел“
Хрватскиот хип-хоп состав „Елементал“ и најпродаваниот бенд во историјата на португалската музика, металците „Мунспел“, ќе настапат на главната вечер на „Бум Таксират фестивал“ што ќе се одржи на 5 декември. „Елементал“ е основан во 1998 година и досега има издадено четири студиски албуми. Во својата основа е хип-хоп бенд кој патува во различните музички жанрови, а за свое одбележје ги има живите свирки, динамичните настапи и извонредната комуникација со публиката. „Мунспел“, пак, е португалски блек метал/готик бенд формиран во 1989 година под името „Morbid God“. По преименувањето во „Мунспел“ во 1992 година, бендот го издава својот прв сингл „Under the Moonspell“ што е најава за нивниот прв албум „Wolfheart“ со што ја освојуваат сцената и стануваат еден од најпрепознатливите рок-бендови од Португалија. |