Ренова прв четврт-финалист во Купот
Фудбалерите на Ренова се првите четврт-финалисти во Купот на Македонија бидејќи без борба го добија мечот со Локомотива, која поради финансиски проблеми го предаде нивниот натпревар со прволигашот од Џепчиште.
Четврт-финалист е сигурно и Работнички по високата победа од 6:0 против третолигашот Фортуна од Скопје во гости, а најверојатно ќе му прави друштво и Тетекс по победата во Струмица против Беласица со 3:1.
На другите средби се постигнати следниве резултати: Скопје - 11 Октомври 3:1, Металург - Победа 1:0, Силекс - Македонија ЃП 1:1, Пелистер - Охрид 2:0 и Влазними - Дрита 0:1. Реванш натпреварите се играат на 30 септември. (М.М.) |