Енан: Клајстерс е инспиратор на моето враќање
Големото ривалство меѓу белгиските тенисерки датира уште од времето кога беа тинејџерки, а Енан истакна дека начинот на кој се врати Клајстерс за неа бил посебна мотивација. Ким Клајстерс по две и пол години отсуство се појави на УС-опен и веднаш ја освои титулата.
„Ким отсекогаш била извор на мојата инспирација и мотивација. Сватив дека сама не ќе можев да постигнам толку колку што постигнав да не беше таа“, изјави Енан која и се врати на тенисот по 16 месеци пауза.
Враќањето на големата ривалка го пофали и Ким Клајстерс, а нема сомнение дека моменталната слаба конкуренција во женскиот тенис ќе добие на тежина и на квалитет.
„Враќањето на Жастин Енан е сјајна вест за женскиот тенис, но и за нашата земја во целина. Многу работеше во минатото за да оствари врвни резултати и е голема работа што реши да се врати“, изјави Клајстерс која на последниот дуел против Енан беше поразена во полуфиналето на Вимблдон во 2006 година. Подоцна, во финалето, Енан беше поразена од Амели Морезмо, а титулата на најпрестижниот тениски турнир и стана главен приоритет. Енан се надева дека ќе биде во состојба да игра до Олимпијадата во Лондон кога ќе има 30 години, а планира да се појави на гренд-слем турнирот во Мелбурн кој почнува во јануари.
Иако нема ранг на ВТА-листата, се очекува да и биде врачена вајлд-карта.
„Не би сте сакале да ја пропуштите можноста на турнирот да угостите некој кој е голем ас и вистински шампион. Би сакале Жастин Енан да биде дел од Австралија - опен и повторно да се вклучи во главните тениски збиднувања“, изјави директорот на Австралија-опен, Крег Тајли. |