Број 3094  петок, 25 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Спорт

Роналдо во историјата, Кака му помогна да го урнат Вилјареал

Португалецот е прв играч во историјата на „кралевите“ кој постигнал гол на сите четири стартни меча

Како и Барселона, така и Реал М. не скршнува од победничкиот пат. И во четвртото коло мадриѓаните славеа, овој пат над Вилјареал во гости, со головите на Роналдо во првиот дел и оној премиерниот на Кака во вториот.

Со голот уште во втората минута Роналдо стана првиот играч во историјата на „кралевите“ кој постигнал голови на сите четири стартни натпревари, остварување до кое дојде ден пред тоа и Златан Ибрахимовиќ во својата Барселона.

Роналдо игра во одлична форма, а неговиот вкупен скор е уште подобар од фасцинантните седум гола во пет меча (по два на Цирих и Ксерез, еден на Депортиво, Еспањол и Вилјареал). Неговите трикови ги излудуваат противничките одбрани, тркот му е незапирлив, а во последните два меча забиваше во првите 100 секунди. А, само еден од седумте споменати погодоци го постигна од пенал. За прикажаното доби оценка девет, две повеќе од вториот најдобар Гути.

Неговите човечки квалитети може секој различно да ги анализира, но факт е дека 24-годишниот генијалец кој го доби името, според американскиот претседател Роналд Реган, од кога татко му бил одушевен, спаѓа уште на млади години во групата на најдобри фудбалери на сите времиња. За таа категорија клучна е стандардноста, која треба допрва да ја постигне, но јасно е дека за кратко време Роналдо го достигна максимумот во својата форма и дека со него Реал М. повторно ќе пука на највисоките цели.

Покрај Роналдо со рекорд може да се пофали и легендарниот капитен Раул. Поточно, да каже дека има ист број првенствени натпревари за Реал М. како и Мануел Санчиз - 524. Санчиз играше во дефанзивниот ред од 1983 година до 2001, а 13 години беше капитен.

Резултати од 4. коло во Примера: Атлетико - Алмерија 2:2, Еспањол - Малага 2:1, Валјадолид - Осасуна 1:2, Вилјареал - Реал М. 0:2, Ксерез - Депортиво 0:3, Тенерифе - Билбао 1:0, Гетафе - Валенсија 3:1, Севилја - Мајорка 2:0, Сантандер - Барселона 1:4. Табела: Барселона 12, Реал 12, Севилја 9, Билбао 9, Валенсија 7, Мајорка 7.....

Интер, барем, 24 Часа лидер

Со победата над Наполи од 3:1 Интер со 13 бода изби на чело на табелата во Серија А, бидејќи Јувентус, кој има бод помалку, натпреварот кај Џенова го играше вчера. Актуелниот шампион својата работа ја заврши уште во првиот дел, кога и ги постигна сите голови преку Ето, Милито и Лусио. И голот на Наполи падна во тие 45 минути - Лавеци 37 мин.

Резултати од 5. коло во Серија А: Аталанта - Катанија 0:0, Болоња - Ливорно 2:0, Интер - Наполи 3:1, Лацио - Парма 1:2, Палермо - Рома 3:3, Сиена - Киево 0:0, Удинезе - Милан 1:0. Вчера играа Џенова - Јувентус. Табела: Интер 13, Јувентус 12 (-1), Сампдорија 12, Фиорентина 10, Парма 10, Џенова 7 (-1), Удинезе 8, Киево 7, Рома 7, Милан 7........

Барса Ќе мора кратко без ИбрахимовиЌ


Напаѓачот на европскиот шампион Златан Ибрахимовиќ го повреди глуждот против Сантандер (4:1), поради што, тоа го најавуваат лекарите, ќе мора да паузира на мечот со Малага, а не се знае дали ќе биде подготвен за натпреварот од Лигата на шампионите против Динамо Киев идната среда.

 


#
Статијата е прочитана 617 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Рамковски побарал Хаџи Ристески лично нему да му поднесе оставка
Червар
Карпов му покажа заби на Каспаров
Еклстоун
Лов на крап на езеро Мавровица
Михаил Прохоров стана сопственик на Њу Џерси
Ренова прв четврт-финалист во Купот
Успешен старт на Јосифоска во Сандански
Енан