Рамковски побарал Хаџи Ристески лично нему да му поднесе оставка
Претседателот на ФФМ открива дека пред изборното Собрание имал уцена од сопственикот на А1
Сашко Ѓ. Димовски
„Станав лидер во културата, лидер во земјоделието, лидер во млекарството, сакам да станам лидер и во спортот“, му порачал скопскиот бизнисмен Велија Рамковски на претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Харалампие Хаџи Рисетски во првата половина од септември сакајќи да го протурка проектот „Јуниор куп“ во системот на натпреварари под капата на ФФМ. И успеа во тоа. Хаџи Рисетски веднаш ја прифати идејата на Рамковски, иако и претходно ФФМ имаше разбирање за проектот на ТВ А1 и не правеше проблеми кога регистрирани фудбалери во ФФМ настапуваа во лига која е надвор од официјален систем на натпревари во кои правдата је дела судии со знакот на ФФМ. Проектот експресно беше изготвен од службите во македонската куќа на фудбалот која ќе требаше да извојува по околу 100.000 евра на годишно ниво (плаќање на судиски колегиум, изнајмување на салите, транспорт, итн...). Но, во меѓувреме Рамковски со дијаметрално спротивно барање за Хаџи Ристески со дијаметрално спротивни амбиции од првичните.
„Ми порача да поднесам оставка, оставката да ја адресирам до него, во неа да стои дека се повлекувам од претседателската фунцкија од здравствени причини и пред делегатите на Собранието на ФФМ да го промовирам неговиот пријател Благоја Николовски. Ми даде време од седум дена да размислам за тоа. Во спротивно се закани дека има доволно материјали да почне медиумска кампања против мене како што и го стори во почетокот на оваа седмица. И во случај да бидам реизбран за претседател на ФФМ, Рамковски најави дека ќе продолжи со нападите“, вели Хаџи Ристески дополнувајќи го тоа со негов став за целата хајка што Рамковски почна да ја прави против него.
„Тоа што Велија Рамковски го прави деновиве преку ТВ А1 не можам да го сфатам поинаку освен како класичен рекет, уцена. Сакајќи да ми наштети мене лично, прави штета на Фудбалската федерација на Македонија во поглед на изнаоѓање партнери, спонзори што веќе почнува да се чувствува во контактите со дел од нив. Веројатно мисли дека од Николовски ќе добие повеќе отколку што ќе добие од мене. Оттогаш, од денот на неговата понуда, ниту сме разговарале телефонски ниту пак сме се сретнале“, ни изјави вчера Харалампие Хаџи Ристески.
ПоЧна вадењето на столЧињата на Јужна
Градежната компанија „Бетон“, како изведувач на работите за реконструкција на Јужна трибина, вчера со писмо ја извести Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), дека ќе почне со демонтажа на столчињата на Јужната трибина. Целта е да се создаде простор за демонтажа на кровната конструкција на трибината. Ќе се реконструира и осветлувањето за што најпрво треба да се отстранат двата столба со рефлектори лево и десно од трибината. Тоа значи дека претстојниот прија��елси меч со Катар на 11 октомври наместо во вечерен термин, ќе се игра во дневен (најверојатно во 15 часот) бидејќи постоечките рефлектори што се наоѓаат на работ на кровот на јужната и северната трибина нема да овозможат адекватна светлина за одигрување на вечерен меч.
ФФМ преговара со ИМГ за
ТВ правата за прва лига
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) отпочна прелиминарни преговори со британската компанија „ИМГ“ за продажба на ТВ правата за натпреварите во првата македонска лига. „ИМГ“ е со седиште во Лондон и се занимава со купување и продавање на ТВ права за спортски мечеви. Во случај на успешно завршување на разговорите ФФМ ќе инкасира околу 200.000 евра, средства кои ќе се користат за покривање на службените трошоци во првата и втората лига во Македонија што од друга страна ќе претставува огромно финансиско растоварување за клубовите на годишно ниво. |