Брoj 2740  петок, 18 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Забава

МАГАЗИН

Драгоцена е поддршката од партнерот

Николчо Јанков од дуото „Дуле и Коки“ раскажува за своите приватни и професионални планови

АНДРИJАНА РИСТЕСКА

Мајсторите на живата свирка, како што многумина ги нарекуваат Дуле и Коки, оваа година ќе ја паметат по многу работи. Едниот од нив го кажа судбоносното „да“, додека, пак, другиот, односно Коки, се сврши со 23-годишната Росана. Датумот на свадбата се' уште не е закажан, но тие двајца веќе живеат заедно, а неодамна беа и на заедничко патување во Канада и во Австрија од каде што се вратија полни со впечатоци и убави спомени. На повидок е и промоцијата на нивната нова песна „Златен часовник“, која треба да се случи кон крајот на летово.

По пауза од една и пол година, набрзо се очекува да излезе вашата нова песна, која е работена со истиот тим што работеше и на вашиот голем хит „Марама“. Очекувате ли и таа да биде добро прифатена кај слушателите?

- Да, кон крајот на летото се очекува да излезе нашата нова песна која носи наслов „Златен часовник“ и која е работена со истиот тим што работеше и на „Марама“. Тоа е тим што создава хитови, бидејќи истите тие луѓе имаат направено две или три песни за последниот албум на Тоше „Игри без граници“. Тоа е песна со брз ритам, односно модерна румба и ќе биде снимена на српски и на бугарски јазик.

Планирате ли да снимите спот за оваа песна и со кого би соработувале?

- Секако дека ќе биде снимен видеозапис за песната. Соработката со „Томато продукција“ се' уште е отворена, бидејќи со нив работевме на последните два спота, но размислуваме за соработка со Дејан Миличевиќ, кој требаше да го режира нашиот прв спот, сценариото беше направено, но не успеавме да го реализираме.

Најновото што ти се случува на приватен план е свршувачката. Какви ви се плановите за иднина и кога ќе ја крунисате љубовта со свадба?

- Се' уште не сме размислувале посериозно, можеби тоа ќе се случи наесен во некој од скопските хотели, но тоа ништо не мора да значи, бидејќи можеме да го одложиме и за идната година. Не се исклучува можноста се' да се случи спонтано, да се собереме во нашиот ресторан „Балканика“ во романтична и интимна атмосфера. Најбитно од се' е сето тоа да не биде многу помпезно и да биде релаксирано, бидејќи сметам дека тоа треба да биде најсреќниот ден во нашите животи, а не најлуксузниот, па затоа сакаме да го споделиме со најблиските и, пред се', убаво да се забавуваме.

Неодамна со Росана бевте на заедничко патување во Канада и во Австрија. Во Канада ги посетивте Нијагарските Водопади. Какво е чувството кога пред вас ги гледате водопадите?

- Канада е прекрасна земја, таму престојувавме еден месец, бевме кај роднини на Росана, а ги посетивме и водопадите. Чувството да се биде таму е прекрасно, тоа е нешто што не може да се опише со зборови, неверојатно искуство барем за мене, просто занемуваш кога ќе ја видиш таа глетка и се прашуваш што направил Бога со природата.

Колку имате време за себе, излегувате ли често и што правите во слободно време?

- Работиме многу и напорно, а бидејќи постојано сме присутни во ноќните клубови, многу и немаме потреба за излегување, со пријателите се собираме кај некого дома или, пак, седиме на терасата во нашиот ресторан, а неретко се случува и да останеме дома и да гледаме телевизија.

Професијата на Росана и нејзините обврски во АМСМ се сосема поразлични од вашите, колку наидувате на разбирање од неа, како таа го поднесува вашето отсуство?

- Точно, Росана работи како портпарол во АМСМ и нејзината работа е сосема поинаква од мојата, но, сепак, имам максимална поддршка од неа која многу ми значи и ми е потребна, свесен сум дека оваа професија не е едноставна, затоа и е потребно разбирање од партнерот. Нормално е понекогаш да се запрашува каде сум и што правам, но јас ја разбирам. Ставот нејзин е цврст и среќен сум што има доверба во мене.

И, за крај, неодамна го опремивте вашиот заеднички дом, кој го имаше последниот збор кога се избираа боите и деталите?

- Немавме проблеми и разлики околу вкусовите, двајцата се согласивме дека тоа се предмети кои треба да ги гледаме секој ден, а притоа да не ни здодеат, затоа настојувавме се' да биде скромно и ненатрупано. А кога се во прашање боите, преовладуваат белата , црната и кремот, воопшто не сакавме шаренило.


Статијата е прочитана 1067 пати.

Испрати коментар

Од: mila
Датум: 18.07.2008 13:47:13
super:)srci ste:)

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Забава
Журка под отворено небо
Топла вода
За Мадона резервиран цел „Сплендид“
Сателитско емитување како тренд
Откриена тајната врска меѓу Јована Јанковиќ и Жељко Јоксимовиќ