Брoj 2740  петок, 18 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Забава

За Мадона резервиран цел „Сплендид“

Сместувањето во кралскиот апартман во хотелот во Бечиќи чини 7.000 евра

За време на својот престој во Будва, Мадона, која на 25 септември ќе настапи на плажата Јаз, ќе биде сместена во хотелот „Сплендид“ во луксузниот кралски апартман вреден 1,3 милиони евра, а како што неофицијално дознава српскиот весник „Блиц“, за кралицата на поп-музиката и нејзината придружба е резервиран целиот хотел. Дневниот простор кој има стаклени ѕидови има 360 квадратни метри и чини околу 7.000 евра, а во апартманот се наоѓаат и три спални соби со огромни бањи, кујна, соба за седумчлената послуга, која 24 часа дневно ги служи гостите, салон и кабинет опремен со најсовремена техника. Тука се и фитнес-салата и сауната, но и терасата опкружена со дрва со банани и палми, на која се наоѓа базен од 40 квадрати. Водата во базенот нема да биде пречистувана со хлор, туку со озон.

Тоа не е се', на подот од апартманот е поставен паркет од три вида дрво: маслинка, јавор и даб, ламби од кристал, гарнитура од најфина кожа...

Мебелот, всушност, е составен од антиквитети стари неколку стотини години кои се изработени од венециски мајстори, една од теписериите на ѕидот чини 100.000 евра, а еден квадрат од прекривките 500 евра...

До кралскиот апартман се стигнува со посебен лифт, а до пентхаусот може да се дојде и со хеликоптер, бидејќи на десеттиот кат од хотелот се наоѓа хелиодром.

Инаку, интересот за концертот е голем и за првите неколку дена се продадени неколку илјади влезници. „Продадени се неколку илјади влезници, и тоа оние најскапите. Меѓутоа, вистинската побарувачка допрва ја очекуваме со оглед на тоа што концертите во Виена и во Атина, каде што Мадона ќе пее пред и по Будва, се распродадени, па добивме барања од Грција, Австрија, земјите од бивша Југославија, Бугарија, Албанија, Унгарија и Русија“, изјавува за „Блиц“ Александар Радош, портпарол на концертот, кој го организира општина Будва и истоимената туристичката организација, додека, пак, за продукцијата се задолжени „Лајв нешн “ и „Комуна“.

Концертниот простор на Јаз има површина од 73.000 квадратни метри, а за посетителите ќе биде обезбеден и паркинг (ВИП од 1.000 до 1500 и „обичен“. чиј капацитет ќе биде 7.000 места). ВИП-трибината има 5.000 места и оние кои ќе седат таму ги очекуваат многу изненадувања. Концертот ќе трае два и пол часа, а пред поп-дивата ќе настапи шведската пејачка Робин.

„На поставувањето на огромната бина, која е наменета за стадионски концерти, ќе работат 500 работници, а за таа цел од Австрија треба да тргне караван со 45 шлепери со опрема и 15 автобуси со техничка екипа. Инаку, Мадона со себе носи цел тим (готвачи, шминкери, собарки, фитнес-тренер...), кој треба да стигне со посебен авион“, дополнува Радош.


Статијата е прочитана 436 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Забава
Драгоцена е поддршката од партнерот
Журка под отворено небо
Топла вода
Сателитско емитување како тренд
Откриена тајната врска меѓу Јована Јанковиќ и Жељко Јоксимовиќ