Откриена тајната врска меѓу Јована Јанковиќ и Жељко Јоксимовиќ
Јована Јанковиќ и Жељко Јоксимовиќ, најпосле, и пред себе и пред јавноста ја признаа својата љубов. Дали е за тоа виновен градот на романтиката Париз, каде што двојката ја посети ревијата на Жан Пол Готје, или нештата се случија на Евровизија, не е важно. Имено, и двајцата го фрлија минатото зад себе - Жељко и' раскина на својата девојка Адријана Чортан (беа заедно 4 години), а Јована не го прими прстенот што и' го подари свршеникот Александар Зеренски по Евровизија.
Чувствата беа посилни и од минатото, а вљубената двојка е подготвена само на иднина. Јована и Жељко можат да се сретнат на сите романтични места во Белград. |