Број 3387  вторник, 21 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Свет

Екстремните десничари влегоа во парламентот

Досегашниот премиер Фредерик Рејнфелд ќе мора да прави малцинска влада

СТОКХОЛМ - Конзервативниот премиер на Шведска, Фредерик Рејнфелд, освои втор мандат, покажуваат прелиминарните резултати. Меѓутоа, неговата четирипартитна централнодесничарска алијанса не успеа да обезбеди мнозинство, додека екстремно десничарските Шведски демократи првпат обезбедија влез во парламентот.

Четирипартитната коалиција составена од Умерената партија на Рејнфелд, Либералната партија, Демохристи��анската и Партијата на центарот, освоија 172 места, три помалку од мнозинството на неделните избори. Левичарската опозиција освои 157 места. Прогласувајќи победа вчера изутрина, Рејнфелд изјави: „Ние вечерва добивме широка поддршка“.

Меѓутоа, иако неговата Умерена партија го обезбеди најсилниот мандат досега, со 30 проценти од гласовите, резултатот беше поткопан од неуспехот на неговата коалиција да обезбеди целосна победа, што резултираше со немање мнозинство во парламентот. Наместо тоа, „крадци“ на победата се Шведските демократи, екстремно десничарска, антиимиграциона партија со врски со неонацистички групи, особено во 1980-тите и 1990-тите години. Партијата го обезбеди прагот од четири проценти за да влезе во парламентот, освојувајќи 20 (или 5,7%) од 349 места. „Јас сум запрепастен и тешко ми е да ги консолидирам мислите. Денес заедно ја пишуваме политичката историја. Тоа е неверојатно“, вели лидерот на Шведските демократи, Џими Акесон.

Напредокот на екстремната десница, најверојатно, ќе значи дека Рејнфелд ќе треба да формира малцинска влада. Тој веќе вети дека нема „да соработува“ или да направи неговата влада „да биде зависна“ од Шведските демократи, според шведскиот дневен весник „Дагенс нихетер“. Во меѓувреме, Зелените навестија дека нема да ја завршат нивната работа. „Дали ќе бидам министер за животна средина и ќе раководам со изградбата на десет нови нуклеарки? Не, благодарам“, вели Марија Ветерстранд, лидер на Зелените.

Резултатите се жесток удар за социјалдемократите кои се на чело на земјата 65 од последниве 78 години, и ова се нивните најлоши резултати во изминативе 100 години. Четириесет и петгодишниот Рејнфелд првпат дојде на власт во 2006 година со ветување за намалување на даноците и реформи во социјалната држава. На неговото освојување на втор мандат се гледа како на пресвртен момент во шведската политика, од страна на некои аналитичари, бидејќи го цементира падот на централната левица.

Неубедливите резултати ги направија пазарите нервозни, каде ШТО вчера изутрина вредноста на шведската круна забележа пад во однос на еврото. „Формирање малцинска влада е ризик, и тоа едноставно е цената што ние ќе ја платиме“, изјави Аника Винст, главен економист во најголемата нордиска банка Нордеа за новинската агенција Ројтерс.

Влезот на Шведските демократи во парламентот го рефлектира општиот подем на крајната десница низ ЕУ во последниве неколку години. Екстремно десничарските партии се во власта во Италија и имаат обезбедено места во парламентите во Данска, Унгарија, Австрија и Бугарија. Антиимигрантската Партија на слободата го освои третото место на јулските избори во Холандија и со нејзина поддршка би можела да се формира малцинска влада. (ЕУ обсервер)


#
Статијата е прочитана 1204 пати.

Испрати коментар

Од: Venco
Датум: 21.09.2010 13:12:35
E pa aj so sreka na svedska pocnaa i tami neonacisti da sedat vo parljamento...neka mu ja misli EU...Pozz
Од: Danny
Датум: 21.09.2010 15:01:48
Ajde da se zaprasame zosto generalno mirnite svegani se vrtat kon desnicarite?Odgovorot e sosema jasen.Ne sakaat drzavata da im lici na Pakistan.Ima li nesto loso vo toa?Tie (sveganite) se bukvalno maltretirani od emigrantite koi doagaat od b. istok i poranesna Jugoslavija(pretezno muslimani).E sega ako na nekosi Asan mu e merak da go slusa odjata vo 5 saat nasabajle,na nekojsi Gert toa ne mu se dopaga.Zatoa treba da se pocituva onaa "Ako si vo Rim..."
Од: Tulko Drdeski,Tetovo
Датум: 21.09.2010 15:28:21
Vleguvanjeto na desnicata vo Evropskite parlamenti e tek na pocetok.Toa e indikator za perspektivite na Evropa,a kako i da ne ?
Од: evropa
Датум: 21.09.2010 16:39:46
ova znaci kraj na demokratijata vo evropa koga svedska stanuva zemete samo danska i holandija kade e strogo zabraneto duri i po pat bracen drugar da se naselite..koga toa ce go prifati svedska(ako ne po ovie izbori po slednite sigurno) vece evropa ce e cekor do nacizam ..........
Од: Демократија = Расизам
Датум: 22.09.2010 01:20:22
Одсекогаш се тропале глупости овде и нема да престанат во догледно време. Мирните читај Злобните Шведи не сакаат Пакистан кајн себе, а истото ни го наметнуваат нам. Па затоа тропаџии не трескајте зелени. Во М може преку звучници и разгласот да се пушта касета за милитва а на запад „не смее„ Демократија демек. И Карл Билд протестираше што морал да спие во хотел блиску до џамија па му ја затворија устата. Да живее западната демократија!
Од: Goran
Датум: 22.09.2010 07:56:25
Toa e samo reakcija na Evropa na ekstremnoto muslimanstvo sto ja invardira Evropa veke so decenii!

Најди! во Утрински
Свет
Париз со концерт против Саркози
САД да признаат дека Иран е голема сила
Мировници шверцувале бензин во Косово
Во невреме во Индија умреа 65 луѓе
Смрт за продажба земја на Израелци
Камбоџа бара Обама да и' го прости „непристојниот долг“
Владата ги стега ремените
Карзаи не им верува на изборите



"""