Број 3387  вторник, 21 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Свет

Мировници шверцувале бензин во Косово

Во Украина изби скандал затоа што нејзини војници продавале бензин на косовски Абанци

МОСКВА - Информацијата што ја објави весникот „Огледало на неделата“ во Киев дека украински мировници шверцувале бензин што им го продавале на косовските Албанци веќе се претвори во голем политички скандал. Според податоците на истражните органи, украинските војници во составот на КФОР во периодот од 2006 до 2009 година препродавале бензин што го довезувале од Бугарија, а на кој не се плаќала ��икаква царина.

Интересно е тоа што Министерството за одбрана на Украина тврди дека не добило официјално соопштение за махинациите што ги правеле нивните мировници во Косово. Главната управа за контрола во вооружените сили на Украина утврди дека од декември 2006 година до октомври 2007 година со фалсификувани службени документи од Бугарија 42 пати е довезувано гориво за препродажба во количина од 1.275.928 литри чија вредност била 688.000 евра, а од 12 мај до 30 јули 2008 година 82 пати било довезено гориво во вредност од 1.986.309 евра. Подоцна уште 22 пати беше довезуван бензин, од јануари до јули, во вредност од 286.000 евра.

Освен тоа, украинските мировници продавале сертификати за купување гориво, наводно, за својот воен контингент, што им давале за право без царина да увезуваат гориво. Еден таков документ го продавале за 2.000 евра. Украинските мировници во Бугарија се поврзале со фирмата „Лукоил нефтохим Бургас“, која ги користела споменатите документи за незаконски операции со продажба на гориво што од нив го прекупувале албански сопственици на бензиски пумпи во Косово. Горивото од Бугарија пристигнувало во Македонија, а потоа во Косово.

Другата „формула“ што ја користеле украински мировници на Косово била уште поедноставна. Од 2006 година купувале поевтин бензин во француската база на КФОР, која се наоѓа на Косово по што им го продавале на приватниците. Во една рунда земале по 30 тони гориво по што во препродажба заработувале по 15.000 евра. Досега се утврдени околу сто такви операции.

Украина во Косово има 98 свои војници кои служат во заедничкиот баталјон со Полјаците. На 2 август годинава Украинците ја почнаа замената на својот контингент на Косово. (Б.В.)




#
Статијата е прочитана 389 пати.

Испрати коментар

Од: TRAJANKA
Датум: 21.09.2010 13:12:09
Nisto cudno od Polaci i Ukrainci tie so nisto ne se razlukuvat , kaj niv na prvo mesto e interesot za pari ne birat srectva .
Од: Deki
Датум: 21.09.2010 15:24:05
Toa e sosema normalna rabota.Sekoj vojnik e najniskiot sloj na edno opstestvo.Od sekoj pat bilo taka zenite ae prostitutki a mazite se vojnici. A taa pojava ja ima i vo ARM!
Од: dragan
Датум: 21.09.2010 17:11:43
ne mi e jasno kako razmisluvat nekoi luge, pa prvpat slusam deka vojnicite bile najnizok sloj vo nekoe opstestvo , bi sakal so deki da se vidam i da mi objasni od kade mu e toa razmisluvanje
Од: Do Deki
Датум: 22.09.2010 08:49:47
Od kade pravo da kategoriziras deka vojnikot e najnizok sloj. Vtoro ..dali si sluzel vojska i kako ne ti e sram da sporeduvas so ARM se kladam deka si eden od onie sto ne sluzea i za vojska zanes samo od TV Redakcija vo interes na ugledot i cesta na ARM ve molam objavete

Најди! во Утрински
Свет
Париз со концерт против Саркози
САД да признаат дека Иран е голема сила
Во невреме во Индија умреа 65 луѓе
Смрт за продажба земја на Израелци
Камбоџа бара Обама да и' го прости „непристојниот долг“
Владата ги стега ремените
Екстремните десничари влегоа во парламентот
Карзаи не им верува на изборите



"""