Владата ги стега ремените
Букурешт - Во Романија почнаа масовните протести во организација на синдикатите против политиката на владата за „затегање на ремените“.
Вчера протестни акции почнаа полицајците, а во текот на оваа седмица кон нив планираат да им се придружат лекарите, учителите и другите државни службеници, незадоволни од одлуката на кабинетот да им ги намали платите за 25 отсто. „Полицајците што протестираат дојдоа на работа, но нивната дејност е ограничена, тие не учествуваат во истрагите за кривични дела, одбиваат да го регулираат сообраќајот и да ги казнуваат нарушителите“, изјави лидерот на полицискиот синдикат, Маријан Груја.
Во протестите се очекува да се присоединат 20.000 лица.
Демонстрантите ќе ја опколат зградата на владата и на локалните органи на власта. За среда во Букурешт е планиран протестен марш и митинг пред зградата на Владата, а на 5 октомври демонстрантите ќе бидат пред зградата на претседателството.Опозицијата ги окарактеризира мерките како „социјален геноцид“, жестоко критикувајќи го Басеску. |