Во невреме во Индија умреа 65 луѓе 
Њу Делхи - Најмалку 65 лица загинаа, а илјадници беа принудени да ги напуштат своите домови поради пополави и лизгање на земјиште во Северна Индија.
  Локалните медиуми јавија дека во најтешко погодените области во прекин се и патните и комуникациските врски. Во 72 села е објавена вонредна состојба. 
  Во меѓувреме во Њу Делхи е регистрирана најдождливата монсунска сезона во последните 30 години.
  Метеоролозите прогнозираат поројни дождови и во наредните 24 часа.  
   |