Број 3387  вторник, 21 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Свет

Камбоџа бара Обама да и' го прости „непристојниот долг“

Со 317 милиони американски долари бил платен државниот удар во 1970 година

ПНОМПЕН - Премиерот на Камбоџа, Хун Сен вчера изјави дека ќе побара до американскиот претседател Барак Обама да го поништи „непристојниот долг“ од повеќе од 300 милиони долари за кој тој рече дека помогнал да се разгори граѓанскиот конфликт пред три децении. Хун Сен, кој утре ќе се сретне со Обама во Њујорк, го отфрли американскиот план за репрограмирање на исплатите на 317 милиони долари, долг за кој тој рече дека го направила владата, која дојде на власт со државниот удар, поддржан од Вашингтон, во 1970 година.

„Долгот што го има Камбоџа кон САД од 1970 до 1975 година се смета како непристоен долг, па затоа ве молам да го поништите“, изјави Хун Сен за време на отворањето нов мост во провинцијата Кандал. „Како можеме да го вратиме овој непристоен долг? Дури и банките би го поништиле ова“, додаде тој.

Американските заеми за развој на земјоделството и' се даваа на владата на Лон Нол откако дојде на власт со пучот во 1970 година. Камбоџа и неколку американски конгресмени тврдеа дека парите биле потрошени на оружје, кое на крајот се употреби против сопствениот народ. Лон Нол беше соборен во 1975 година од ултрамаоистичкиот режим на Црвените кмери, под кои се проценува дека 1,7 милиони луѓе се убиени за помалку од четири години, втурнувајќи ја Камбоџа во децении на сиромаштија и политичка нестабилност.

Камбоџа побара од САД да го претвори долгот во помош, посочувајќи на договорот постигнат во 2000 година за замена на долгот меѓу САД и Виетнам за образовен развој. Меѓутоа, САД остануваат на тоа дека Камбоџа има доволно финансиски средства за да го исплати заемот.

Меѓутоа, аналитичарите веруваат дека одбивањето на Вашингтон да направи какви било отстапки има голема врска со геополитиката, која произлегува од блиските политички и економски врски на Камбоџа со Кина, нејзин најголем извор на помош и инвестиции. (Ројтерс)


#
Статијата е прочитана 464 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Париз со концерт против Саркози
САД да признаат дека Иран е голема сила
Мировници шверцувале бензин во Косово
Во невреме во Индија умреа 65 луѓе
Смрт за продажба земја на Израелци
Владата ги стега ремените
Екстремните десничари влегоа во парламентот
Карзаи не им верува на изборите



"""