|
|
|
|
|
|
Јордан Симонов награден со „Златна мимоза“
Македонскиот актер Јордан Симонов за улогата на Мирса во филмот „Панкот не е мртов“ на Владимир Блажевски ја доби наградата „Златна мимоза“ за најдобра машка улога на 25. Филмски фестивал во Херцег Нови. Наградата рамноправно ја подели со актерот Тихомир Станиќ, кој во филмот „Непријател“ на режисерот Дејан Зеќевиќ ја толкува улогата на Дабо.
Носител на „Големата златна мимоза“ на фестивалската Гран-при награда е филмот „Како ме украдоа Германците“ на режисерот Милош Радивоевиќ, опишан од жири-комисијата што ја сочинуваа Билјана Србљановиќ, Јордан Плевнеш и Владимир Блажевски, како „чисто ремек-дело на модерната европска кинематографија“.
Радивоевиќ е н��граден со „Златна мимоза“ за режија, додека актерката Јелена Џокиќ, која во наградениот филм го толкува ликот на Јелена, доби „Златна мимоза“ за најдобра женска улога. Ѓорѓе Милосавлевиќ е награден за најдобро сценарио за филмот „Непријател“, а Радослав Владиќ за најдобра камера во „Како ме украдоа Германците“.
Режисерот Бранко Балетиќ е добитник на специјалната награда на жирито за филмот „Локален вампир“, како и на наградата „Милан Жмукиќ“ за севкупен придонес на фестивалот. Годинава на 25. Филмски фестивал во Херцег Нови, наградата на фондацијата „Живко Николиќ“ за особен пристап во филмскиот израз му е доделена на Жељко Ќосиќ за филмот „Мал љубовен бог“. (К.Р.) |
#
|
Статијата е прочитана 273 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: poraneshen sosed |
Датум: 09.08.2011 01:46:54 |
|
Tivkiot, pristojniot, ljubitel i zashtitnik na zhivotni, golem akter Jordan Simonov, ja dobi zasluzhnata nagrada. Neka mu se mnozhat! Samo napred, Joco! Ti si ni sepak eden zrak na nadezh vo ova sivilo, crnilo. |
|
|
|
|
|
|
|
|