Нова книга на Љерка Тот Наумова
„Низ виежот на ветерот живее човекот“ е насловот на новата стихозбирка на поетесата Љерка Тот Наумова што се појави неодамна во издание на „Академски печат“. Тоа е нејзина 13. поетска книга, создавана на Интернационалната ликовна колонија „Дебрца“, каде што таа учествуваше со група поети во изминатите години, заедно со академски сликари од Азија, Америка и од Европа.
„На страниците од оваа книга немата слика преку стиховите прераснува во еден вид ликовна беседа“, забележува, меѓу другото, Владимир Мартиновски, во објавената рецензија во книгата под наслов „Слики што говорат“.
Љерка Тот Наумова е член на ДПМ и на Друштвото на хрватските книжевници. Нејзините песни се преведувани на англиски, француски, италијански, романски, грчки, албански, турски и на влашки јазик. (К.Б.)
|