Број 3651  вторник, 09 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Култура

Наградата „Живко Чинго“ за расказот „Билјана платно белеше“

Расказот „Влегување во песната“ на авторот под шифра „Билјана платно белеше“, е годинешниот добитник на наградата „Живко Чинго“, која се доделува во рамките на конкурсот за најдобар расказ што традиционално ја распишува Општина Охрид во знак на почит кон делото на познатиот писател од охридскиот крај.

Славе Ѓорѓо Димоски, член на жири-комисијата што ги вреднуваше творбите од конкурсот, појасни дека расказот „Влегување во песната“ бил избран за најдобар во конкуренција од 67 пристигнати трудови, од кои седум воопшто не биле разгледувани поради непочитување на поставените критериуми на конкурсот.

Во потесен избор за наградата влегле три трудови, од кои жири-комисијата во состав Иван Џепароски, Венко Андоновски и Славе Ѓорго Димоски, сепак, решила единствената награда во износ од 30 илјади денари да му ја додели токму на расказот „Влегување во песната“.

„Наградениот расказ претставува успешно поврзување на фолклорот во современоста, реализирана како суптилно понирање во духот на македонскиот јазик. На формален план расказот ја варира темата врзана за народните песни ’Билјана платно белеше‘ и ’Дафино вино црвено‘, при што симболиката на виното и на платното успешно е инкорпорирана во структурата на расказот“, вели Ѓорѓо Димоски.

Наградата на лауреатот ќе му биде врачена на културната манифестацијата „Вечери на Живко Чинго“ што секоја година на роденденот на познатиот наш прозаист и драмски писател 13 август, традиционално се одржува во охридското село Велгошти, родното место на Чинго. (К.Р.)


#
Статијата е прочитана 304 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Симон Трпчески и актерската легенда Џереми Ајронс на иста сцена
Березовски
Новата претставничка на „Еуроимаж“ доби поддршка од филмските работници
„Без наслов“ на Јозеф Наѓ во црно-бел ракопис
Јордан Симонов награден со „Златна мимоза“
Нова книга на Љерка Тот Наумова

"""