Број 3460  сабота, 18 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter
Свет

Хашим Тачи ја отвори Пандорината кутија

Скандалот е осуда на ОВК и на западната политика

Лондон -  Британскиот публицист Ник Кларк, во текст во „Гардијан“, кој ги изнесува своите лични гледања, тврди дека извештајот на Советот на Европа за вмешаноста на луѓето од поранешна ОВК во шверцот на човечки органи, земани од заробениците што претходно биле убивани, не само што е осуда за ОВК, туку претставува осуда и за целата политика на Западот спрема Косово и тамошните случувања.

Кларк ги осудува ставовите на американскиот сенатор, Џозеф Либерман, од пред 11 години за тоа дека САД и ОВК се залагаат за истите хумани вредности и принципи, имајќи ги предвид наодите на истрагата што ја направи Марти, а потсетува на изјавата на Роберт Гелбард, советник на поранешниот американски претседател Бил Клинтон, за тоа дека ОВК „несомнено е терористичка група“. Тој спомнува дека „Тајмс“ во 2000 година објавил оти американските разузнавачи ги обучувале припадниците на ОВК, а воедно и изјавата на поранешниот командант на ОВК, Шабан Шаља, дека американските и британските разузнавачи контактирале во Албанија со косовската ослободителна армија.

Како противник на политиката за либерален интервенционизам, врз чија основа 78 дена беа бомбардирани териториите на тогашна СР Југославија и Косово, во својот напис во лондонскиот весник остро ги критикува „хуманитарното бомбардирање“ и „добрата војна“ што беше водена во тој дел од Балканот, инсистирајќи дека бомбардирањето на Косово и политиката што кон него е водено е грешка, како што се погрешни и војната и политиката кон Ирак.

Станува збор за неморално бомбардирање, како што беше и ирачкото, забележува Ник Кларк, осудувајќи ја политиката на поранешниот британски премиер Тони Блер и неговата оцена дека Косово е „успех на меѓународната заедница“ и инсистирајќи на тоа дека ирачката воена интервенција е целосно дискредитирана.

Ова е прв пат во „Гардијан“ да се изедначат косовската и ирачката интервенција, затоа што позицијата на овој пролабуристички лондонски весник е за оправдување на војната во Косово и за остра осуда на војната во Ирак, иако и двете се водени без резолуција на Советот за безбедност на ОН.

Според лондонски „Економист“ блокиран е патот во ЕУ за секоја идна косовска влада. Обвинувањата за изборен грабеж на последните парламентарни избори, илегалната трговија со човечки органи и шверцот со дрога, ќе го блокираат обидот на која било влада на Косово да го трасира патот на новата балканска држава кон ЕУ, пишува британски „Економист“.

Неделникот забележува дека тежината на откритијата на Дик Марти во извештајот на Советот на Европа за косовските случувања од пред над една деценија, како и актуелната косовска реалност, секако, ќе се испречат пред властите во Приштина и пред нивните европски амбиции, без разлика дали победникот на изборите од минатата недела, Хашим Тачи, ќе успее да формира коалициска влада со една партија или неколку помали партии, па дури меѓу нив да се најдат и партиите на малцинствата.

Малку може да помогне тоа што косовската влада се брани оценувајќи ги наодите на известувачот Дик Марти како „клеветнички“ и потсетувајќи дека и порано имало вакви обвинувања, но сите истраги што беа спроведени не успеаја да најдат докази. Ситуацијата за Хашим Тачи, според „Економист“, се усложнува и затоа што за многу набљудувачи неговата изборна победа е сомнителна, бидејќи гласањето за новиот состав на косовскиот Парламент поминало со бројни неправилности.

Москва ги смета изборите на Косово за „нелегитимни“, изјави портпаролот на руското Министерство за надворешни работи, Алексеј Сазанов.

„Не ги сметаме за легитимни одржаните парламентарни избори во Косово на 12 декември, бидејќи тие беа организирани од властите на самопрогласе��ата република. Предизвикува паника и таканаречениот успех на екстремно радикалните косовско-албански партии“, истакна Сазанов, додавајќи дека набљудувачите на изборите регистрирале голем број сериозни нерегуларности.


#
Статијата е прочитана 1923 пати.

Испрати коментар

Од: k2
Датум: 18.12.2010 16:29:36
Zapadot si ima obicaj da se IZVINI i se ke e OK.....Pa taka i sega ke se IZVINAT I KE RECAT DEKA VAKVI RABOTI SE SLUCUVAAT.....
Од: Vistina e spora ..ama stasuva !!!
Датум: 18.12.2010 19:40:48
Se sekavam dobro dali toa bese vo osumdesetite godini ..koga vo KIM...pocnaa poleka da izviraat dobro taktizirani potezi na diktati od Tirana...Postarite generacii verojatno se sekavaat na onoj grozomoren cin koga vo niva grupa Albanci go siluvaa eden Srbin so poluskrseno sise od pivo...Togasnata vlast go proglasi kako nemil "komsiski dogadaj" poradi mir vo kuca... Potoa sledese onoj masakr vo kasarna bez pricina ..i se se stavi pod tepih...Zatoa dojde do toa sto DOJDE....Dali EU i kompanija .veke nemaat interes za Kosovo gledajki si ja greskata sega e prasanje ili vo EU ide nova politika so koja saka sama sebe da si se zastiti...vremeto ke pokaze...!!!
Од: tocno k2
Датум: 19.12.2010 09:28:17
Site nnevolji se kolateralna steta.
Од: хо
Датум: 19.12.2010 10:03:05
Свету.Свету.Навистина ти треба Божја помош.Овија ептен го направија народов ајван
Од: SPIRIDON
Датум: 19.12.2010 13:06:37
Ulavanjeto na SAD u zonata na vlijanie na Rusija kako i obezbeduvanje na "smeštaj" na proteranite od Germanija američki bazi se realizira so bazata Bond stil,zašo pa im beše potrebno da predhodno predizvikat vojni sudari,humanitarni bombardiranja,otvorena podržka na albanskio faktor u destabilizacijata na regiono.Kolateralna šteta?Srbija na sekoj način ja pretstavuvaa kako zemja na teroristi se so cel da go opravdat svojto nastapuvanje.Pa Bler beše marioneta u matematikite na Buš i za Irak,i za Kosovo.Ama izgubija ja kontrolata,previdea go načino i stepeno na reakcija na albanskio faktor na potrebnite im teritorii,razbira se,i "američkata ambasada" e del od toa scenario.Buš nugo ne "sakaše".
Од: Kraj na ljubovka sprema mileniceto!
Датум: 19.12.2010 13:09:25
Vece jasno se gleda krajot na ljubovta na Zapadot sprema svoeto milenice, Kosovo! Patronite na kriminalnite grupi od Kosovo, koi debelo se ofajdija od podrskata, potocno od sorabotkata so spomnatite kriminalci, se na zalezot na svoite politicki karieri, taka sto klopceto pocnuva zabrzano da se odmotuva! Toa pokazuva deka idninata na Kosovo vo golema mera ce zavisi od toa dali moze da se se spravi so svoite kriminogeni strukturi!
Од: remi
Датум: 19.12.2010 19:07:01
Ova shto se pishuva sega niz evropskata shtampa e politika na srpskata vlast,,,ova se posledni udari na edno Magare shto pcovisa,,,Bilo kako bilo kasno e za sve,,,Kosovo e Albansko i çe ostane Albansko po sekoja cena,,,,a vie Makedonci shto navivate za Srbite mozhete slobodno da gi krshite zabite,,,
Од: goran
Датум: 19.12.2010 21:33:21
sekoj vtor covek na planetata e razuznuvac.

Најди! во Утрински
Свет
Весници на „дигитален киоск“
„Блиц“
„Викиликс“ не прекршил австралиски закон
Што знаел Западот за Тачи?
Асанж
Пратеници се степаа за убавата Јулија
Замрзна Јадранско Море
Се црта границата со другиот дел од Босна
 

Moldovan PM hoping for quick end to coalition negotiations
Macedonia prepares for politically sensitive census
Bulgarian leaders clash over foreign diplomats with Communist spy links