Асанж: Не откривајте ја мојата адреса
На основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, пред да биде ослободен, не му успеа дрскиот обид да ја зачува во тајност неговата адреса доставена при положувањето на кауцијата. Австралиецот го доби сослушувањето да биде ослободен од затвор и да престојува во луксузниот апартман на својот пријател додека ја чека пресметката за барањето за екстрадиција. Неговиот адвокат Џефри Робинсон наведе дека откривањето на локацијата каде што ќе престојува ќе го наруши неговото право на приватност.
Но, одекна смеа низ судот за прекршоци на Хорсфери роуд во Лондон кога окружниот судија Хауард Ридл рече дека неоткривањето ќе биде шлаканица за 39-годишниот Асанж и за неговата филозофија за отворена правда. Тој инсистираше адресата на луксузниот дом со десет спални соби - на Елингам Хол на околу 32 километра од Лавстофт во Сафолк - да биде јавно прочитана во судот. (Сан) |