Број 3460  сабота, 18 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter
Свет

Што знаел Западот за Тачи?

Генерал Весли Кларк, Агим Чеку, генерал Џексон (од Велика Британија), Бернард Кушнер (УНМИК) и Хашим Тачи (оддесно налево)

Извештајот на швајцарскиот парламентарец Дик Марти за вмешаноста на актуелниот косовски премиер Хашим Тачи во мафијашки структури во земјата и трговијата со дрога и човечки органи предизвика големо внимание во германскиот печат. За весникот „Зидојче цајтунг“, индикативно е што и покрај сериозните обвинувања на сметка на Тачи, досега не можеа да се обезбедат докази.

„Ниту на Дик Марти не му успеа да обезбеди докази. Станува збор, пред се', за индиции, изјави и цитати од извештаи на тајните служби што ги систематизирал швајцарскиот политичар. Марти се жали дека сведоците на Косово молчат. Во извештајот за Хашим Тачи говори како за шеф на мафијата, која и денес е многу влијателна. Групата ја сочинуваат поранешни лидери на ОВК. Тие се недопирливи, бидејќи ја имаа поддршката на САД и на европските земји во борбата за независност. Марти особено ги критикува меѓународните претставници, кои се наоѓаат на Косово од 1999 година и кои беа заинтересирани единствено за краткорочна стабилизација, жртвувајќи ги притоа правните принципи“, заклучува „Зидојче цајтунг“.

Весникот „Хамбургер абендблат“ ја анализира натаму улогата на меѓународната заедница.

„Доколку критиките на Советот на Европа се точни, тоа значи дека Косово до врвот е опфатено со мафијата, која многу повеќе заглавила во криминалот и корупцијата отколку што е тоа случај во другите земји од регионот, каде што и инаку тоа е вообичаено. Европа не може да прифати докажан криминалец, можеби дури и убиец, да стои на чело на државата. Меѓутоа, скандалот со уште попогубни последици се крие меѓу редовите на извештајот на Советот на Европа. Доколку е точно дека САД, ЕУ и ОН од тактички причини, ги затворале очите пред трговијата со органи, тоа би претставувало невиден морален пораз за Западот“, наведува „Хамбургер абендблат“.

„Нојес Дојчланд“ забележува дека обвинувањата на сметка на Тачи не се ништо ново, но дека тој досега уживал поддршка од западните држави.

„Полека разбираме дека нашиот ’западен модел на правна држава’ не може да се извезува ни во Ирак или Авганистан ниту, пак, на европскиот југ. Иако во Косово веќе 11 години престојуваат десетици правни експерти, партиите што учествуваа на парламентарните избори се жалеа на изборни нерегуларности и манипулации. Секако дека ваквите приговори можат да се објаснат и со неуспехот на таа партија која се жали, но факт е дека корупцијата и организираниот криминал го оневозможуваат развојот на протекторатот на ЕУ и на НАТО. (Дојче веле)




#
Статијата е прочитана 1784 пати.

Испрати комента��

Од: Петар
Датум: 18.12.2010 13:17:18
Сите на сликата се исти: мафијаши на исто равниште
Од: kristo
Датум: 18.12.2010 14:12:41
Megju ovie slikanive ima i eden ludak Vesli Klark, dobro se sekjavam koga ednas imase civilni zrtvi za vreme na bombardiraweto na Srbija, toj so mirna sovest izjavi deka uste ke ima i deka tie bile kolatrealna steta, a i sega ne mozam da svatam sto imaa vrska mostovite vo Belgrad, Vojvodina itn. so vojnata vo Kosovo pa niv gi bombardiraa
Од: Stojko
Датум: 18.12.2010 16:06:45
Jasno e kako den deka kosovo e drzava finansirana od kriminalni aktivnosti, podrzani od, pred se, amerikanski, i del od zapadnoevropski lobi grupi - citaj tajni sluzbi, cija cel bese (i ja ostvarija) razbivanje na Jugoslavija, i normalno, Srbija, kako najgolema republika vo nejziniot sostav. Kosovari, vsusnost site Albanci se zaloznici, u stvari poprvo bi upotrebil nas zbor , izmecari na amerikanska politika na Balkanot
Од: kole
Датум: 18.12.2010 17:33:38
Se...................................
Од: девичанецот
Датум: 18.12.2010 21:40:24
Западот знаел се. Нека не се прават сега наивни. Јасно е дека НАТО го практикува и шири фашизмот. Па ајде сега, молете да бидете членови на таа тајфа?
Од: Sudir medju SAD i Evropa (EU)!
Датум: 19.12.2010 12:56:00
Pred edna decenija SAD bea nesporna svetska sila br. 1. Togas Amerika ja natera Svajcarija da go pogazi svetoto pravilo za tajnost na smetkite na stranskite drzavnici/gradjani! So slabeenjeto na medjunarodnata pozicija na SAD, Evropa pokazuva se pogolema zelba na se sprotivstavuva na nivniot diktat! Ovoj trend, za cudo, go sledi i Svajcarija zemja vo koja se ,,skladiraat,, parite od sverc so droga, oruzja, prostitucija, trgovija so ludje i so covecki organi itn.
Од: xxL from Prilep
Датум: 19.12.2010 18:56:35
znaele,znaat i ke znaat!
Од: професорка
Датум: 19.12.2010 21:51:15
“Марти се жали дека сведоците на Косово молчат“. Чул ли Марти мафијаши да зборуваат за нивни босови? Чул ли за “завера на молчење“? Срамно е само тоа што Европа и САД молчеа до сега. Срамно е што бомбардираа по цивили во име на таа мафија. Ние сите знаевме но приказната мораше да се одвива по нивно сценарио. Како во Ирак со измисленото хемиско оружје.
Од: moralen poraz na zapadot
Датум: 20.12.2010 05:25:49
Dali ste primetile deka zapadot za nishto veke ne se srami. A, imaat eden magichen zbor so koj se lechat "SORRY" Dali e dovolno da se opravdash so eden zbor?

Најди! во Утрински
Свет
Хашим Тачи ја отвори Пандорината кутија
Весници на „дигитален киоск“
„Блиц“
„Викиликс“ не прекршил австралиски закон
Асанж
Пратеници се степаа за убавата Јулија
Замрзна Јадранско Море
Се црта границата со другиот дел од Босна
 

Moldovan PM hoping for quick end to coalition negotiations
Macedonia prepares for politically sensitive census
Bulgarian leaders clash over foreign diplomats with Communist spy links