Број 3460  сабота, 18 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter
Свет

„Викиликс“ не прекршил австралиски закон

Асанж не направил кривично дело во Австралија со објавувањето американски документи

Ниту веб-сајтот „Викиликс“ ниту неговиот австралиски основач Џулијан Асанж не направиле некакво кривично дело во Австралија со објавувањето на официјални американски документи, соопшти полицијата. Според „Сандеј морнинг хералд“, полицијата соопштила: „Австралиската федерална полиција ја комплетираше својата процена на достапниот материјал и не утврди постоење на какво било кривично дело под јурисдикција на Австралија. Доколку се објавени дополнителни документи и постои сомневање за кривично дело, тогаш тие материјали треба да се достават до австралиската федерална полиција за процена“, се наведува во соопштението на полицијата.

Властите побараа од полицијата да каже дали Асанж направил некакво кривично дело со објавувањето на илјадници доверливи документи на американските власти преку веб-сајтот „Викиликс“. Ова се случи и покрај тоа што премиерката Џулија Џилард пред две недели ги окарактеризира акциите на веб-сајтот како „незаконски“, соопшти весникот. Џилард подоцна пред новинарите изјави дека објавувањето на американските телеграми од страна на „Викиликс“ бил груб и неодговорен акт.

Но, таа додаде дека Асанж ќе има пристап до комплетна конзуларна помош. „Очигледно, како австралиски државјанин, Асанж има право на конзуларна помош што им ја обезбедуваме на австралиските државјани низ светот кога се соочуваат со законот“, изјави Џилард.

Таа додаде дека владата верувала оти е соодветно да се предаде предметот на федералната полиција за да се утврди дали имало некакво кршење на австралискиот закон. Џилард рече дека основата на протекувањето е незаконски акт, првичното преземање на документите е прекршување на американскиот закон. Тоа не е направено од новинар, туку од лице со пристап до доверлив материјал, додава таа. (Аустралијан њус)


#
Статијата е прочитана 589 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Хашим Тачи ја отвори Пандорината кутија
Весници на „дигитален киоск“
„Блиц“
Што знаел Западот за Тачи?
Асанж
Пратеници се степаа за убавата Јулија
Замрзна Јадранско Море
Се црта границата со другиот дел од Босна
 

Moldovan PM hoping for quick end to coalition negotiations
Macedonia prepares for politically sensitive census
Bulgarian leaders clash over foreign diplomats with Communist spy links