Се црта границата со другиот дел од Босна
Бања Лука - Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, соопшти дека Република Српска ќе ја маркира граничната линија со муслиманско-хрватската федерација, и покрај тоа што канцеларијата на високиот претставник на меѓународната заедница го смета за беспредметно минувањето на граничната линија меѓу двете административни единици на Босна. Додик во Сараево изјави дека со овој свој став високиот претставник ја покажа бесмисленоста на своето постоење. |