Број 3387  вторник, 21 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter

ЕВРОПА - БАЛКАН

Ново коцкање

Иван Торов

Србија се обидува да ја искористи „конструктивната двосмисленост“ на резолуцијата и дома да наметне впечаток дека не попуштила

БЕЛГРАД - За што, всушност, Србија и Косово ќе преговараат, разговараат или, како што се наведува во „усогласената“ резолуција на ОН, ќе водат дијалог? Тоа засега никому не му е јасно ниту, пак, ќе биде се' додека шефицата на европската дипломатија, Кетрин Ештон, најверојатно до крајот на годинава не им понуди на Борис Тадиќ и на Хашим Тачи список на теми.

Во исчекување на „налогот“ од Брисел, значи, во меѓувреме и меѓупростор, секоја страна ќе го пее својот добро познат шлагер. Србите, дека не може да се преговара за т.н. технички прашања (струја, бегалци, судбината на исчезнатите и слично), ако претходно не се расчистат сите дилеми околу статусот на Косово. Албанците, пак, дека Србија и Косово може да „водат дијалог“ како две суверени држави-соседи. Значи, за се' што, наводно, може да ги подобри меѓусебните односи, само не и за политичкиот статус ниту за „некакви автономии и специјални статуси“ на северот од Косово. За размена на територија, Прешевската Долина на северот од Косово, особено.

Иако во усвоената резолуција што ја „договорија“ Брисел и Белград се наведува само дека ќе се „води дијалог меѓу двете страни“, српската влада, претседателот на Републиката и сите политичари на владејачката коалиција почнаа опсежна реторичка кампања со амбиција дека на домашното јавно мислење ќе му се покаже оти нема да се оди под „црвената линија“. Тоа значи дека преговорите за статусот мора да бидат приоритетни. Она што го нема во резолуцијата, го има во јавните настапи каде што се сугерира заклучок дека најновиот документ на ОН „ќе овозможи дијалог за решавање на косовското прашање, кое потоа ќе биде потврдено во Советот за безбедност“.

Србија, всушност, се обидува да ја искористи конфузијата поради, како што некој кажа, „конструктивната двосмисленост“ на резолуцијата, и во домашните рамки да наметне впечаток дека не попуштила пред заканите (на ЕУ и на САД) дека евроинтеграциите ќе и' бидат замрзнати на подолг рок ако продолжи да инсистира на статусни преговори. Меѓутоа, таков маркетиншки пристап на српскиот државен врв моментно (и уште некое време) му е многу потребен како, од една страна, би парирал на обвиненијата од националистичките кругови дека со повлекувањето на својата резолуција Тадиќ „потпиша конечна капитулација“, а, од друга страна, го намали впечатокот дека согласувањето со „исчистената“ резолуција Србија, всушност, премолчено, навистина и неволно, се согласи својот досегашен надворешно-политички курс кон Косово радикално да го менува.

Бидејќи никој што е реален не очекува дека новата српско-албанска средба очи в очи или преку посредник брзо ќе почне, уште помалку (ако воопшто ја има) дека ќе трае кратко, разбирливо е што и Србите и Албанците се обидуваат најновите настани, колку што е можно, да ги усогласат со своите изборни калкулации. Имено, изборите на Косово се следната година, а не е исклучено дека ќе ги има и во Србија ако власта процени дека евентуалниот кандидатски статус за ЕУ и' овозможува да тргне во предвремени избори и да ги добие. Во таа смисла, не е многу препорачливо да се помисли дека српскиот државен врв, со тоа што го прифати ултиматумот од Брисел, всушност, ја мина сопствената „црвена линија“.

Сега ќе му остане на Брисел, пред се', на Ештон, да процени дали и колку долго ќе ги толерира различните интерпретации на усвоената резолуција. Шефицата на европската дипломатија, несомнено, многу брзо ја смири желбата на Белград улогата на посредник да ја преземат Обединетите нации, изјавувајќи дека тоа е работа на ЕУ, но, како што изгледа, таа ќе биде на големи маки српските политичари да ги принуди да се држат до текстот на резолуцијата, конечно, да го прифатат фактот дека статусот на Косово е решен и оти нема да има ново исцртување на мапи на просторот на Балканот.

Европската унија, навистина експресно, и' порача на Србија дека за примерната кооперативност ќе ја награди со забрзување на нејзините евроинтеграции, дури и кандидатски статус можеби веќе во првата половина од следната година, но преку дипломатските канали, дискретно предупреди дека сето тоа може со иста брзина да се изјалови доколку Белград мисли оти се стекнал со каква била предност, па затоа инсистира на сопствено толкување на суштината на резолуцијата.

Всушност, тоа во моментов е и доминантна дилема: дали српското раководство ќе ја прифати реалноста или со продолжение на старата политика на Милошевиќ и на Коштуница се' што досега и' се најавува како награда ќе го стави на коцка.


#
Статијата е прочитана 1032 пати.

Испрати коментар

Од: Ljubotan Trade Name
Датум: 22.09.2010 06:52:17
Ivan Rece..конечно, да го прифатат фактот дека статусот на Косово е решен и оти нема да има ново исцртување на мапи на просторот на Балканот" Ivane ,a sto mislis za Skopje ,deka nee Geto,a zapadno od Gjorce Petrov Makedonija e mislena imenka!

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Разочарувачка слика на Камениот мост
Нимиц нуди оптимизам, а не предлог
Скријте го кодошот!
Син на мајка - дизајнер на 8 години
Опомени од Струга
Војна за вода во Берово
Раѓањето на Михаил беше животен подвиг
Друцас го кани Груевски на средба
Екстремните десничари влегоа во парламентот
Владата се' за едно евро!
Во чиј филм живееме
Си легнаа на брашното - бугарските коли ќе се пререгистрираат
Поголеми гаранции за штедачите, лихварите под контрола
Стил
ИВЗ бара власта да се справи со вахабитите



"""