Број 3387  вторник, 21 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter

ЕДИТОРИЈАЛ

Скријте го кодошот!

Оливера Војновска

Македонија по многу колебања минатата година едвај ја започна лустрацијата. Требаше многу убедување, надмудрување и пазарење за да се создадат законски услови за стартот на овој процес на прочистување на општеството. Но, кај нас изгледа немало кодоши! Евентуално, само еден. И тоа судија. Во комунистичкиот период (бидејќи по одлуката на Уставниот суд не се лустрира транзициското време) немало политички функционери кои граделе кариера на сметка на туѓа несреќа. Со ваквиот пристап, веројатно, ќе бидеме уникатен пример во светот!

Уште во раните деведесетти години на минатиот век лустрацијата беше домашна задача за сите источноевропски земји, кои имаа амбиција да ја напишат европската приказна. Процесот резултираше со масовни повлекувања од јавниот живот, остави длабоки лузни во кревките општества, но одигра значајна улога во нивната демократизација. Тоа го сфатија и земјите од нашето непосредно опкружување. Романија ги отвори архивите на Секуритате, со што направи крупен чекор пред влезот во ЕУ. Бугарија ги објави досиејата и псевдонимите на нивните највисоки државни функционери кои соработувале со тајните безбедносни служби. Дури и детали и пикантерии од нивната активност. Во Македонија, пак, може да има само виртуелни кодоши!

Лустраторите и да се охрабрат да пронајдат дека некој бил соработник на тајната полиција, имињата не може јавно да се објавуваат. Бидејќи Уставниот суд ја укина таквата одредба, затоа што во неа препозна жигосување. Што значи, доколку некој поради неисполнување на овој законски услов, сепак, ќе мора да се повлече од функцијата, на јавноста никогаш отворено нема да и' се каже тоа. Така што, вистинската причина ќе остане во сферата на шпекулациите.

Настрана фактот што Комисијата за лустрација досега не откри ниту еден кодош. Се осмели да повика на разговор само една личност, наводно, од судската власт, за која постапката е се' уште во тек. Според податоците објавени на сајтот на Комисијата за лустрација, досега изјави дека не биле соработници на тајната полиција доставиле вкупно околу 2.700 лица (функционери и кандидати за јавна функција). Верификувани се 324 изјави, меѓу кои и оние на највисоките државни функционери: претседателот, спикерот, премиерот, министрите, пратениците, 72 судии, кандидати за судии и кандидати за директори на јавни претпријатија. И сите се чисти.

Во меѓувреме, додека главоболки на лустраторите им задава само судскиот случај, ДПА и ВМРО-Народна ја обвинија Комисијата за лустрација дека крие документи во фиока за еден пратеник од ДУИ и за еден од партнерите во портокаловата коалиција на ВМРО-ДПМНЕ. ДПА вчера најави дека ќе им поднесе кривична пријава на лустраторите. Се тврди дека двајцата пратеници се спасиле со надгласување во Комисијата, која „наместо да ги гледа фактите, подлегнала на политички притисоци“.

Целата оваа ситуација е проблематична од два аспекта. Улогата на партиите, кои се ставија во функција на партиски лустратори, како и улогата на официјалните лустратори. Притоа, прилично проблематичен е начинот на кој се избираат членовите на Комисијата за лустрација - во Собранието и по партиски клуч. Тоа само по себе остава простор за силно политичко влијание во нивната работа. Па, доколку се покажат точни тврдењата дека спасоносната формула за двајцата пратеници била најдена во „политичкиот пазар“, тогаш лустрацијата целосно ја губи смислата.

Премиерот Никола Груевски во една прилика (коментирајќи го амнестирањето на транзицискиот период) нецелосното затворање на лустрацијата го спореди со „одење напред со крената глава, а со боцки во нозете“. Сепак, несомнено дека најголемиот трн на овој историски процес ќе му биде ставен ако со политички договор со наслов „скријте го кодошот“, станат невидливи фактите кои говорат за нечија кодошка активност.


#
Статијата е прочитана 1296 пати.

Испрати коментар

Од: ФЕЛИКС
Датум: 21.09.2010 13:06:54
Дали ова нее доказ за задните намери на Уставниот суд да з��брани кодошлок од 1991 год. па наваму.Што е пострашно судија или пратеник да е кодош.Да се разберем да сум ако се утврди пратеникот да е кодош да си оди веднаш од функцијата.Но кога ќе го видиме да бранител и спроводител на закон е кодош е тоа веќе длабоко нешто не штима.На тоа треба да биде освртот.
Од: rerna
Датум: 21.09.2010 13:36:21
Daj vi se molam ne go koristete ovoj nesoodveten zbor Kodos, za sorabotnik na tajna sluzba. Vie ste seriozen medium. Fala znam deka nema da me objavite.
Од: tihi
Датум: 21.09.2010 14:00:40
Najglasni vo toa deka lustracijata ne se sproveduva kako sto treba ,se najgolemite pobornici za toa taa da ne ni pocne.Razmislete malce ,sto toa vi govori.
Од: demokrat
Датум: 21.09.2010 16:06:08
Vo RM se se pravi naopaku pa taka i lustracijata. Namesto da se pratat site komunisticki funkcioneri vo politicka penzija, tie sega se najglasni vo sproveduvanjeto na ovoj zakon (Npr. Andov e glaven inicijator). I dodeka toj uzivase vo togasnite komunusticki drzavni funkcii, kodosite, za koi sega bara da gi zigosame, mu go stitea grbot, a vakvi kako Andov ima eden kup (da ne recam site). Ili ako sakate da bidam pojasen, vo SFRJ vladeese ednopartiski politicki sistem (politicka diktatura). Kodosite ne bea izmisleni za dobroto na dedo Noe, tuku za dobroto na komunistickata elita, vo koja spagaa eden kup policirari od denesnicata. zatoa ova lici na edna golema teatarska pretstava so tazen kraj, ako voopsto dojde do nego.
Од: karokan "gambit"
Датум: 21.09.2010 18:27:02
interesno! Za vreme na otsustvoto od komentatorskite stranici na Utrinski,Felix se doobrazuval!!! Verojatno da bide vo trend so sloganot "Znaenjeto e sila,znaenjeto e moc". Ete naucil nekoj niv jazik za mene nepoznat. Nisto ne go razbrav!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! Ili mozebi i ne trebase da bide razbran. Koj ce go znae!!!!!!
Од: Covek za site rezimi
Датум: 22.09.2010 01:37:27
A sto da se kaze xza " golemiot " reformator vo sudstvoto i covekjot koj opstojuvase vo site rezimi. Bese odan komunisticki obvinitel, a mislam i posleden komunisticki obvinitel vo SR Makedonija. Sega eve so krajna lakejska poslusnost i po partiska direktiva go" reformira : sudstvoto i vrsi. potpolna partizacija na istoto. Gledajci go onaka kako so eden siromasen i 'dtkav vokabular gi objasnuva rabotite , covek moze da svati za kakov " ekspert " se raboti. A dali postoi nekoi dosiea i za nego Bi bilo cudno da nema za licnost koja vo togasniot komunisticki rezim zavzemase taka visoki funkcii , a so tolku skromni intelektualni i strucni kvaliteti. Kade e tajnata?

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Разочарувачка слика на Камениот мост
Нимиц нуди оптимизам, а не предлог
Син на мајка - дизајнер на 8 години
Опомени од Струга
Војна за вода во Берово
Раѓањето на Михаил беше животен подвиг
Друцас го кани Груевски на средба
Екстремните десничари влегоа во парламентот
Владата се' за едно евро!
Во чиј филм живееме
Си легнаа на брашното - бугарските коли ќе се пререгистрираат
Ново коцкање
Поголеми гаранции за штедачите, лихварите под контрола
Стил
ИВЗ бара власта да се справи со вахабитите



"""