Број 3387  вторник, 21 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter

ИВЗ бара власта да се справи со вахабитите

Исламската верска заедница бара помош од македонските власти, политичките партии на Албанците и од претставниците на меѓународната заедница во справувањето со радикалните групи на вахабитите. Со ова ИВЗ официјално признава дека не само што не може да се справи со радикализмот што се шири меѓу верниците од исламска вероисповед, туку и оти тој зазема сериозни размери. Поглаварот реис-ул-улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи вчера и јавно ги повика државните институции да преземат соодветни мерки со кои би се запрело ширењето на радикалниот вахабизам во земјава.

„Владата на Република Македонија, државните институции, политичките партии на Албанците, како и сите акредитирани дипломати во Македонија, посебно амбасадата на САД во Македонија и на Европската унија да ја поддржат Исламската верска заедница и да преземат соодветни мерки против овие радикални групи“, повика поглаварот Реџепи. Според него, основна цел на овие радикални групи е да го нарушат имиџот на нашата држава и со тоа да ја спречат интеграцијата во ЕУ и во НАТО.

Радикалните структури, меѓу кои го препознаваат и суспендираниот оџа на Иса-беговата џамија, Рамадан Рамадани, веќе подолг период држат предавања меѓу исламските верници и тоа без никаква дозвола на ИВЗ. Ширењето на вахабизмот се изведува во неколку скопски џамии, кои се под нивна контрола. Иако ИВЗ претходно не сакаше да говори за ширењето на вахабизмот во Македонија, прв пат јавно и отворено проговори по инцидентот во Иса-беговата џамија пред околу три месеци. Поглаварот Реџепи и тогаш од министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, побара да се преземат енергични мерки за запирање на дејствувањата и неконтролираното ширење на радикалните исламски групи. (Св.У.)


#
Статијата е прочитана 524 пати.

Испрати коментар

Од: Gracerin Avstrija
Датум: 21.09.2010 13:09:21
Gospodinot ako taka moze da se narece Redzepi vinata da si ja bara vo IVZ kaj nego a ne ka kako sto gi vika vehabistite.Zosto ova go velam zatoa sto Islamskata zaednica e edna banda na lopivi,i sega saka da i stiti vlasta.Ramadani drzi vajs bez dozvola na IVZ ce drzi zatoa sto ima sto da ponudi na vernicite muslimani.I sega sakate vasite lopovluci da gi stiti vlasta al do koga gos.Redzepi,Pozdrav do utrinski i citatelite
Од: ?!
Датум: 21.09.2010 14:02:14
И после многуте опомени Божји,не само исламот,туку и другите религии треба да си ги ревидираат постапките во практицирањето на верата.Едно е да се бега од одговорноста под закрила на вакви појави,а друго е да се признае дека догмата е едно а нашата лојалност спрема неа друго.Коранот и исламот не се виновни за аномалиите во денешниот свет,туку напротив,не држењето кон неговите принципи и напуштање на јажето на спасот,што велиме ние муслиманите.Тоа е една страна на медалјонот.Другата е само дриблње себеси до конечниот автогол.Баш би било интересно да се споредат сличниве појави во другите верски кампуси.под каква обланда се тие таму.Се штитат,се критикуваат или сузбиваат.Попрво ќе е она првото.А вехабизмот?!Тоа и понатаму ќе биде песничка за уплав за неуките,до конечната вистина.А вие новинариве.Малку усул со фотографиите од блискиот исток.Денес што и да се срвира се наоѓа на чело на палетата на допирливи и прочитани задни намери.
Од: bukurıje
Датум: 21.09.2010 14:10:48
vehabizm nema samo vo skopje tuku ıma ı vo drugı gradovı naprimer vo resen ... kade ımat ı golema podrshka od ımamıte koi zemat plata od muftistvoto ferat shemsedınovskı ı sevdin zekmanovskı a posebbo od segashnıot muftıja Nexhmetin Alija ...... ıvz ovi rabotı mnogu dobro gi znae..... ne znam zashto samoskopje go spomnuvat ....
Од: Тоше
Датум: 21.09.2010 15:03:55
А што пак ИВЗ бара државата да се меша. Државата НЕ СМЕЕ да се меша во ниту една религија. Доста веќе со такви предлози.
Од: imer-minhen
Датум: 22.09.2010 10:09:48
zemi edni,frligi nad drugite. S.Rexhepi e sam kriminalec,za toa ima milion fakti i argumenti,a za Vehabizmot,isto katastrofa.Boze pomogni-u pravo bile Komunistite
Од: mihajlo
Датум: 22.09.2010 11:39:02
Vladata ovoj pat MORA da pokaze deka e Vlada na Makedonskata Drzava.Ovoj apel e znak deka vo Makedonija Muslimanskite vernici ja sakaat svojata zemja i ne se spremni da se prepustat na nekoi ekstremni dvizenja koi imaat za cel rasparcuvanje na ova parce zemja.Vo kolku toa ne go napravi,vo toj sluzaj za sekoj nemil nastan od ovaa priroda gradjanite ce go svatat deka e toa so amin na Vladata.Dobra prilika za vladata.no isto taka i dobra prilika za ekstremizmot.Koj ce pobedi ,toj vo naredniov period ce ja ima vlasta vo SVOI race.Prilika za dvete strani,a narodot znae da oceni,koj za sto se bori.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Разочарувачка слика на Камениот мост
Нимиц нуди оптимизам, а не предлог
Скријте го кодошот!
Син на мајка - дизајнер на 8 години
Опомени од Струга
Војна за вода во Берово
Раѓањето на Михаил беше жив��тен подвиг
Друцас го кани Груевски на средба
Екстремните десничари влегоа во парламентот
Владата се' за едно евро!
Во чиј филм живееме
Си легнаа на брашното - бугарските коли ќе се пререгистрираат
Ново коцкање
Поголеми гаранции за штедачите, лихварите под контрола
Стил



"""