Број 3387  вторник, 21 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter

Поглед

Опомени од Струга

Мики Трајковски

Во Струга, која некогаш пленеше со својот шарм, убавина, гостопримство, веќе ништо не е како порано. Во градот на поезијата стихијно никнуваат разни објекти, спротивни на старата струшка архитектура. Најважен од се' е профитот. Отворањето бизнис не зависи само од џебот, туку повеќе од контактите со власта.

Трагедијата на тројцата угледни стружани што се случи поради неисправна инсталација на див шанк покрај Охридското Езеро, ја отвори пандорината кутија за состојбите во некогаш убавата и мирна Струга. Исплива прашањето кој беше надлежен за контроли, казни, уривање.

Се покажа дека инспекторите во локалната и во централната власт недоволно ги познаваат сопствените надлежности. Земаат плата од народот, а кога треба да работат во негов интерес, тогаш замижуваат и глумат немоќ. Потоа најлесната одбрана е да се префрлува топката на одговорност.

Изгубените животи опоменуваат. Но, потресниот случај во Струга како да беше „секое чудо за три дена“. Запрепастувачка е изјавата на министерот за економија, Фатмир Бесими, кој во одбрана на своите инспектори го кажа клучниот аргумент - тие не можеле да затвораат, бидејќи на објектите немало врати?! А локалните власти, пак, немале врска ама баш со ништо.

Страшно е да се помисли, но зарем требаше да загине, не дај боже, некој близок на министер, градоначалник, советник, инспектор, па да се смени нешто. Кога конечно Струга ќе биде приоритет за оние што се на власт или за оние што беа на власт?

Струга опоменува. Македонците и Албанците повеќе не се дружат во овој град. Младите не излегуваат на исти места како некогаш. Градот е поделен на зони. Ова нека биде поука за функционерите што седат во удобните фотелји, дека треба да направат нешто за Струга.


#
Статијата е прочитана 1326 пати.

Испрати коментар

Од: Od Zapad
Датум: 21.09.2010 12:31:51
Sto ke napravat poveke, napravija so teritrijalnata podelba. I podobro sto ne se druzat. Neka se znae koj sto e i kade pripagja. Prerazlicni sme.
Од: TRAJANKA
Датум: 21.09.2010 14:13:34
Sozivot mora da se ima , toa e za podobro na site , taka se napreduva , so pocituvanje i respektiranje eden sprema drug . Omrazata samo go zaslepuva covekot i zivotot go upropastuva .
Од: Миле - Охрид
Датум: 21.09.2010 15:04:13
„Некои прашања не заслужуваат одговор.“ - рекоа Шеќеринска, Бранко, Бучкоски, ... Дали можеби треба на авторот на овој текст да му ги повторат по стоти пат па да свати?
Од: sime
Датум: 21.09.2010 21:30:57
Niskiot nivo na kulltura producira neodgovornost na site nivoa.Site se proglasija za nenadlezni,a izjavata na ministerot e za Ginis. Tesko na tie sto gi nema i na nivnite semejstva a i na site nas

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Разочарувачка слика на Камениот мост
Нимиц нуди оптимизам, а не предлог
Скријте го кодошот!
Син на мајка - дизајнер на 8 години
Војна за вода во Берово
Раѓањето на Михаил беше животен подвиг
Друцас го кани Груевски на средба
Екстремните десничари влегоа во парламентот
Владата се' за едно евро!
Во чиј филм живееме
Си легнаа на брашното - бугарските коли ќе се пререгистрираат
Ново коцкање
Поголеми гаранции за штедачите, лихварите под контрола
Стил
ИВЗ бара власта да се справи со вахабитите



"""



Contributors to WAZ.EUobserver
Railway joint venture to make train travel in Balkans faster
Ivo Sanader – Croatia's ex-prime minister gone missing