Број 3387  вторник, 21 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter

Си легнаа на брашното - бугарските коли ќе се пререгистрираат

Околу 90 отсто од сопствениците на овие возила ќе попуштат и ќе си ги платат давачките

Соња Маџовска


„Ние што не сме пробугарски ориентирани и што немаме бугарски пасоши ќе си ги пререгистрираме возилата, а за оние што се политички обоени, не знам. Добар дел не сме така ориентирани и затоа целосно се оградивме од протестот што беше организиран неодамна пред Владата, а кој повеќе личеше на политички протест“, вели еден сопственик на половно возило, кој го купил во Бугарија.

Тој смета дека оние Македонци што ја искористиле можноста да купат половен автомобил во Бугарија, и тоа најчесто од поевтините, пред либерализацијата на пазарот во земјава за увоз на половни возила, тие ќе ги пререгистрираат овие возила во земјава. Но, оние што се со бугарски пасоши и што се пробугарски ориентирани, нема да го сторат тоа, и од инает, но и поради високите давачки што треба да ги платат во земјава. Тоа особено се однесува на оние што возат скапи автомобили, какви што беа паркирани пред Владата пред десетина дена.

Познавачите велат дека, на пример за „ауди“ произведено во 2000 година, купено во Бугарија, во Македонија за пререгистрација ќе треба да се платат давачки во висина од 10.000 евра.

„За убавите автомобили давачките се високи и сопствениците ќе треба да платат од 5.000 евра па нагоре, во зависност од староста и од типот на возилото. Сметам дека многу од овие возила со бугарски таблички ќе останат нерегистрирани во земјава, бидејќи на сопствениците повеќе им се исплатува да даваат по 20 евра на секои шест месеци за нови таблички во Бугарија отколку тука да платат 10.000 евра за пререгистрација“, велат познавачите.

Откако видоа дека Владата цврсто стои на ставот дека нема да има пролонгирање на рокот за пререгистрација, ниту, пак, ќе има промени на висината на давачките, очигледно е дека сопствениците на возилата со бугарски таблички ќе мора да се помират. Тие имаат само уште десетина дена за да ги пререгистрираат овие возила.

Сопствениците велат дека од вчера се чувствува зголемен интерес за пререгистрација. Тие треба прво кај шпедитерите да ги платат давачките. „Околу 90 отсто од сопствениците на овие возила ќе попуштат и ќе си ги платат давачките. Јас имам такво возило и ќе го пререгистрирам. Е сега, има и такви што сакаат да тераат политика, ама тие се мал број. Има и возила што не ги исполнуваат ни основните технички услови и тие, исто така, нема да можат да се пререгистрираат во Македонија и ќе мора да се вратат од земјите од каде што се купени“, вели нашиот соговорник. Тој сега ќе треба да плати царина, ДДВ, акцизи и хомологација, а потоа и регистрација.

Од Царинската управа потврдуваат дека има зголемен интерес на царинските терминали, со оглед на тоа што на 30 септември не истекува само рокот за пререгистрација на возилата со странски регистарски таблички туку истекува и рокот за увоз на половни возила со Еуро1 стандард. Доколку некое возило не е пререгистрирано, по потврда од Царината дека престојувало во земјава повеќе од 6 месеци, следува казна од 100 евра до негово одземање. Инаку, очигледно е дека полека спласна интересот за половните автомобили. Овој месец се увезуваат, главно, половни возила со Еуро 1 стандард за да се фати крајниот рок за увоз на овие возила, кој истекува на 30 септември. Во првите 12 дена од септември биле донесени 1.664 половни автомобили. Поконкретно, заклучно со 12 септември во земјава, од почетокот на годинава се увезени 47.238 автомобили. Од нив, дури 39.000 се половни, а само 5.141 се нови возила.


#
Статијата е прочитана 3438 пати.

Испрати коментар

Од: ФЕЛИКС
Датум: 21.09.2010 13:01:29
Ту бре ништо од запишување како благонадежни кај источниот сосед,дури и уписот на родителите е залудно деание.Ај за возачите ич немие гајле а ма да знаат родителите да нивните деца им ја сменија националноста поради едни таблички автомобилски,е тоа е веќе е за грев.Дури замислете побараа од нивната нова родина да ни стави вето за влез во ЕУ ако се истрае на законот.А и владата ,,покажа,,колку е бугарофилска,ептен ги заштити.
Од: zoran
Датум: 21.09.2010 15:32:27
ne politizirajte, i ne gi delite odma ludjeto ,ima ludje sto stvarno imaat potreba da imaat koli na stranski tablici,vo makedonija ne se samo bug.tabliciima i srpski,albanski,kosovski i dr.koli so stranski tablic
Од: Goce Nikoloski
Датум: 21.09.2010 16:15:14
Ne se tie bugari toa se prodaeni dusi-janicari.
Од: do feliks
Датум: 21.09.2010 21:29:31
Procitaj barem nekoj bukvar i zgolemi go recnikot sekoj komentar a bogami gi ima na sekoja statija vo utrinski i ja branish vlasta. Mi se cini deka si portparol na VMRO DPMNE Opushti se malku i sebe i nas
Од: kire sr
Датум: 21.09.2010 22:35:20
lugje nee tocno deka za kola od 2000 god se dava 5000 eu jas kupiv bmw 125 kw 2001 od italija i mi ispadna 2000 eu se totalno se
Од: VP
Датум: 22.09.2010 00:37:50
Кога луѓето ќе можат да купуваат нови автомобили се ќе е во ред - другото се глупости
Од: маке
Датум: 22.09.2010 01:00:12
Arno,ama mi se chini deka ,toa da e politichka mashinacjia ! Da ve prasham - ke ima li preregistracija na srpskite,slovenskite,hrvatskite,grckite,turckite,albanskite tablichki ? G-ne Nikoloski ich ne ste truden za manipuliranje !
Од: Goran - Kumanovo
Датум: 22.09.2010 04:08:17
Laga luge , pred 3 meseci uvezov vw passat 2006 tdi , i vkupno davacki mi izlegoa 2550 evra
Од: ПЕРО_МКД
Датум: 22.09.2010 08:56:24
Давачките за Ауди А4 од 2000год не се повеќе од 2500евра, можеби се и помалку.Од каде таа цифра од 10.000 евра!? Патем, во Бугарија пред да влезе во ЕУ имаше слични давачки за увоз на автомобил како сега овде.Таму се плаќаше 10евра за 1КС моќност на моторот, значи за просечен автомобил од 100кс околу 1000евра вкупно + царината.Овдека можеш да увезеш 10годишна кола за помалку од 1000евра давачки
Од: mihajlo
Датум: 22.09.2010 11:31:24
Vladata mora da istrae na zapazuvanje na zakonskite normi.Vo kolku se popusti ne samo za ovie bugari tuku i za drugi zakoni,idat izbori pa i izborot na nova vlada nee nisto strasno.Nie PRAVITE Makedonci ne barame mnogu.Barame samo da se pocituvaat zakonite kako Makedonija navistina bi bila pravna drzava.Vo kolku nekoj si ja prodava dedovinata zaradi edno povlovno vozilo ili pak za falsifikat diploma,takvi "makedonci"poarno da si odat vo zemjata od koja zele Drzavjanstvo.
Од: alek
Датум: 22.09.2010 12:04:25
ne znam od kade gi ozvadovte 5000evra,pomalku se. Inaku i vo Bitola na terminal ima golemo razdvizuvanje,izgleda vidoa lugeto deka nema poinaku.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Разочарувачка слика на Камениот мост
Нимиц нуди оптимизам, а не предлог
Скријте го кодошот!
Син на мајка - дизајнер на 8 години
Опомени од Струга
Војна за вода во Берово
Раѓањето на Михаил беше животен подвиг
Друцас го кани Груевски на средба
Екстремните десничари влегоа во парламентот
Владата се' за едно евро!
Во чиј филм живееме
Ново коцкање
Поголеми гаранции за штедачите, лихварите под контрола
Стил
ИВЗ бара власта да се справи со вахабитите



"""