Колумнист на Ројтерс вмешан во берзански шпекулации
ЛОНДОН - Колумнист за „Ројтерс брејкингвјус“ поднесе оставка поради повеќекратни прекршувања на кодексот на однесување на Томсон Ројтерс за тргување со акции, а се истражуваат случаите во кои се инволвирани други коментатори. „Иако немаме докази дека новинарот ја злоупотребил позицијата за финансиска добивка, ние таквите непочитувања ги сфаќаме многу сериозно и тој новинар поднесе оставка што стапи во сила веднаш за време на нашата истрага“, наведе главниот и одговорен уредник на Ројтерс, Дејвид Шлесингер, во вчерашната белешка до вработените.
Шлесингер изјави дека колумнистот пишувал коментари за компании во кои тој имал финансиски интерес и кратко време потоа обезбедувал добивка. Кодексот на однесување на Ројтерс забранува новинари да пишуваат за акциите што ги поседуваат доколку претходно не го известат менаџерот. (Ројтерс)
|