Број 3410  вторник, 19 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Свет

Второто враќање на Евреите во светата земја

Хавана - Петмина кубански пилоти во 1951 и во 1952 година превезле околу 150.000 Евреи од Ирак, Иран, Индија и од Јемен во Израел, тврди кубанскиот историчар Роландо Марон во изјавата за хаванскиот дневен весник „Хувентуд Ребелде“.

Марон наведува дека дошол до сознанија што повеќе од 60 години биле чувани како најстрога тајна, односно дека на почетокот на 50-тите години од минатиот век петмина пилоти од компанијата „Аеровијас Кубанас интернационалес“ во Израел пренеле „околу 150.000 Евреи“, од кои 115.000 од Ирак, 25.000 од Иран и неколку стотици од Индија и од Јемен.

Кубанскиот историчар потсетува дека по создавањето на Израел во 1948 година, најголем број Евреи во новата држава емигрирале од Европа, но „положбата на Евреите во арапските земји била многу потешка поради историските конфронтации“.

„Откако арапските влади одбија да им дозволат на Евреите да емигрираат по копнен пат, а по море тоа било тешко да се направи, израелската влада организирала евакуација по воздушен пат. Тоа било една од најголемите масовни емиграции со авиони во историјата“, тврди Марон.

Според него, превозот на овие емигранти им бил доверен на кубанската авиокомпанија поради „јаките пријателски врски меѓу висок службеник во трговското претставништво на Израел во Њујорк и еден кубански бизнисмен“.

„Кон крајот на 1952 година трансферот на еврејски емигранти кон Израел со авиони значително се намалил и петтемина кубански пилоти се вратиле во својата татковина во почетокот на следната година“, наведува Марон. (МИА)


#
Статијата е прочитана 678 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Франција не се плаши од Бин Ладен
Бакојани
Колумнист на Ројтерс вмешан во берзански шпекулации
Во затворите на НАТО во Авганистан умираат луѓе
Европа демонстрира исламофобија
Супертајфун удри на Филипини
Кина не може да ги спаси 11-те затрупани рудари






EU to move ahead on Serbia accession, add tough conditions
Bulgaria's landmark anti-mafia case unravels
Hungary waters down procurement rules for EU presidency