Број 3410  вторник, 19 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Свет

Супертајфун удри на Филипини

Силен супертајфун пристигна до копното во северниот дел на Филипините, погодувајќи ја областа со обилни дождови и ветришта кои достигнаа брзина над 225 километри на час. Илјадници лица на патот на бурата „Меги“ ги напуштија своите домови. Службите за вонредни ситуации се во состојба на зголемена подготвеност, а училиштата се затворени во голем број области.

„Меги“ е најсилното невреме со кое Филипините се соочуваат во последниве четири години. Во 2006 година невреме со ветришта со јачина од 155 километри на час предизвикаа лизгање на земјиштето, затрупувајќи села и убивајќи околу 1.000 лица.

Тропските циклони што се формираат во Пацифичкиот Океан се нарекуваат тајфуни, но се класифицираат на скала од еден до пет на ист начин како и ураганите што се формираат во Атлантскиот Океан. Тајфуните од петта категорија, кои со себе носат ветришта со јачина од најмалку 250 километри на час, вообичаено се нарекуваат супертајфуни. Метеоролозите велат дека „Меги“ беше супертајфун кога дојде до копното, но голема е веројатноста дека малку ќе стивне додека минува низ северниот дел од Филипините. (Би-Би-Си)


#
Статијата е прочитана 297 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Франција не се плаши од Бин Ладен
Бакојани
Колумнист на Ројтерс вмешан во берзански шпекулации
Во затворите на НАТО во Авганистан умираат луѓе
Европа демонстрира исламофобија
Второто враќање на Евреите во светата земја
Кина не може да ги спаси 11-те затрупани рудари






EU to move ahead on Serbia accession, add tough conditions
Bulgaria's landmark anti-mafia case unravels
Hungary waters down procurement rules for EU presidency